Михаил Калашников покажува модел на неговиот познат автомат АК-47, направен во Ижевск, 1000 км источно од Москва.
AP1. АК-47 – копија на „Штурмгевер“
Понекогаш се споменува дека рускиот автомат е направен врз основа на германското оружје G-44 („Штурмгевер“), но тоа не е така. Идејата за создавање комплекс стрелечко оружје (автомат, карабин, митралез) од среден калибар се појавила во Советскиот Сојуз уште во јули 1943 година кога бил проучен запленетиот карабин Mkb-42(H).
Подоцна советските конструктори добиле задача да направат автоматско оружје од среден калибар,. На конкурсот организиран во 1944 година победил автоматот „Судаев“ (АС-44). Донесена е одлука автоматот „Судаев“ да се доработи во согласност со забелешките и предлозите и да се воведе во експлоатација.
Но, Судаев умира во 1946 година на 35-годишна возраст, а неговата работа, за жал, немало кој да ја доврши. Прашањето за создавање автомат останало отворено, Поради тоа бил објавен нов конкурс на кој техничката задача била заснована пред сè на тестираниот автомат „Судаев“, а не на германскиот „Штурмгевер“ (Stg-44) кој, за волја на вистината, бил користен на стрелањата за споредба.
По цела низа сложени и долготрајни тестирања избран е автоматот „Калашников“ (АК) со калибар од 7.62 милиметри или АК-47.
2. АК-47 е произведен од 1947 година
Обично се вели дека автоматот Калашников се појавил во армијата во 1947 година. Мо, често се разликуваат годините во кои некое оружје е прифатено, почнува масовно да се произведива и навистина да дојде во рацете на војниците. Тоа е случај со моделите ППШ—41, СКС-45 и многу други.
Ниту автоматот Калашников не е исклучок во врска со ова прашање. И покрај тоа што се смета дека е произведен во 1947 година, сепак масовното производство и испораката во армијата започнале дури во 1949 година.
АК-47 за првпат е применет во операцијата „Виор“ во Унгарија во октомври 1956 година, а една година претходно за првпат бил претставен на пошироката јавност во советската филмска комедија „Максим Потполошка“.
3. „Калашот“ станал популарен благодарение на својата едноставност
Кога се зборува за добрите страни на автоматот „Калашников“ често се споменува неговата едноставност и сигурност. И тоа е навистина така. Но, овие својства не се добиени веднаш, ами дури во 1859 година кога „Калашников“ се модернизирал, односно кога настанал моделот АКМ.
Првиот модел на АК-47 претставен на конференцијата посветена на 60-годишнината од ова советско оружје во корпорацијата „Рособоронекспорт”.
TASSПроблемот е во тоа што процесот на производство на АК-47 бил исклучително сложен и скап зашто сандакот наместо од пресуван бил направен од глодан челик. Имало и прекин на производството, така што недостигот од стрелечко оружје во армијата се надополнувал со карабини „Симонов“. Било потребно да се поедностави производството на автоматот „Калашников“ и за таа цел започнало да се користи нов вид челик и нова технологија на производство. И во конструкцијата на ова оружје се внесени многу измени.
Автоматот станал полесен за 600 грама и за првпат е воведен бајонет во вид на нож. Новиот модел во однос на АК-47 бил технички дотеран и релативно евтин.
Познатиот советски конструктор Фјодор Токарев, творецот на пиштолите ТТ и СВТ-40, вака го карактеризирал АКМ: „Овој модел е сигурен во работата, многу е прецизен и релативно лесен“. АКМ е правен од 1960 до 1976 година.
Веројатно ова е најмасовната модификација на автоматот Калашников во советската армија. И ден-денес АКМ го користат припадниците на десантните падобрански единици како тивко оружје (се монтира придушувач што било проблематично кај моделот АК-74).
4. Калашников е уникатен
Дали во други земји постоеле модели слични на Калашников, а да не биле негова копија?
Таков модел е направен по војната во Чехословачка.
Земјите од Источниот блок понекогаш правеле оружје и по сопствени модели, а не само по оние кои се направени во СССР. Чехословачка имала богата традиција за конструирање и за правење стрелечко оружје. Така во 1958 година чехословачката армија го добила автоматот „Чермака“ CZ SA Vz.58 кој однадвор многу личи на Калашников, но според конструкцијата во голема мера се разликува од него. Овој автомат бил квалитетно направен, но сепак бил помалку сигурен од Калашников.
5. АКС74У – оружје на десантните единици
Често се мисли дека АКС74У со двојно покуса цевка и со кундак на склопување е наменет за десантните единици, но тоа не е така. Првобитно овој модел е конструиран за екипажите на борбените возила, за артилериите и за врската, односно за оние војници кои не минуваат многу време на првата линија на фронтот.
Во таа смисла покомпактен модел бил сосема оправдан. Но, се случило новиот автомат во 1982-1983 година да биде предаден на тестирање во воени услови на десантните единици кои учествувале во воените дејствија во Авганистан.
Сите негативни оцени и неубавите прекари што ги добил овој модел се поврзани токму со обидот тој да се користи во единиците кои учествуваат во интензивни борбени дејствија.
Тука до израз дошле најголемите мани на скратениот модел: мала густина на огнот, мала прецизност на поголема оддалеченост и брзо прегревање на цевката. Кога советските единици во 1989 година го напуштија Авганистан, АКС74У е повлечен од воените единици во магацини, а потоа во врска со ескалацијата на криминалот е предаден на МВР каде и денес може да се види. Ова е единствена варијанта на автоматот Калашников која е направена во Тула, додека останатите модели се направени во Ижевск.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче