Петте најдобри авиони на конструкторското биро „Јаковлев“

Марина Лисцева/TASS
Во едно од главните конструкторски бироа на Русија настанати се над 200 модели авиони: од ловци кои имаат одиграно значајна улога во Втората светска војна до моментално најдобриот на светот школски авион.

Јак-3

Јак-3 беше еден од најдобрите борбени авиони во текот на Втората светска војна. Беше лесен, добро вооружен и брз – кошмар за германските ловци Месершмит Bf-109 и FW-190. Јак-3 извршуваше мисии во најопасните зони и ги извршуваше најтешките задачи.

На 16 јули 1944 година осумнаесет ловци Јак-3 ги одмерија силите со дваесет и четири германски ловци Messerschmitt и Focke-Wulf. Советските пилоти соборија 15 летала на непријателот и изгубија само еден свој авион.

Познатата француска воена ескадрила „Нормандија-Неман“ која се бореше на страната Советскиот Сојуз на Источниот фронт им даваше предност токму на овие авиони, а по војната Французите се вратија дома со 37 летала Јак-3, добиени како подарок од СССР.

Јак-9

Појавувањето  на авионот Јак-9 во 1942 година го означи крајот на доминацијата на германската авијација во војната. Во годините на Втората светска војна беа произведени 16,769 вакви авиони, а пред крајот на војната Јак-9 беше првиот советски авион кој собори германски ловец Messerschmitt Ме-262.

Јак-9 беше идеален за создавање различни модификации: од ловец-бомбардер до извидувачки, патнички или школски авион. Само во текот на војната беа направени 22 модификации, а 15 од нив влегоа во производство.

Авионот беше популарен и кај сојузниците. На пример, определено време со ова летало управуваше лично Џејмс Ерик Сторар, командант на 234 британска ескадрила.

Јак-40

Конструиран кон крајот на шеесеттите години од минатиот век, Јак-40 беше првиот турбомлазен патнички авион не само во Советскиот Сојуз, ами и во светот.

Авионот беше мошне сигурен, беше во состојба да полета дури и ако откаже еден од неговите три мотори, а веќе во воздухот продолжуваше да лета и со еден исправен мотор.

Немаше оддел за багаж, па така сиот багаж се држеше во специјална преткомора и беше даван за време на слетувањето.

Поголемиот број инциденти со овој авион ги има предизвикано човечки фактор, а неколку летала Јак-40 беа соборени во зоните на воените конфликти во Ангола и во Либија.

Јак-141

Познавачите на воени авиони со вертикално полетување и слетување, кои за првпат се појавија во шеесеттите години од минатиот век, се сложуваат дека два ловци, советскиот Јак-141 и американскиот F-35В имаат многу заеднички нешта. F-35В е претставен на јавноста 12 години по авионот Јак-141. Може ли тогаш да се каже дека американскиот ловец е копија а советското воздухопловство?

Развојот на авионот Јак-141 во СССР започна уште во седумдесеттите години од минатиот век. СССР немаше големи носачи на авиони како САД, па тежнееше да развие млазен авион кој ќе може да полетува од куси писти, како што се хелидроми или платформи на противподморнички крстосувачи.

Јак-141 по карактеристиките ги надмина своите претходници (Јак-36 и Јак-38), но о странските авиони („Си Харијер“, Dassault Mirage IIIV) и најверојатно беше на пат да стане најдобар морнарички авион со вертикално полетување и слетување.

Но, судбината не му беше наклонета. Бројните инциденти за време на полетувањето, распадот на СССР и подоцнежните финансиски проблеми направија проектот за развој на овој авион да се прекине.

Јак-130

„Стручњаците се потрудија и направија авион како 'школска клупа'. Тој во воздух е мошне лесен и простува многу грешки на пилотот. Тоа не е она што беше некогаш кога ние бевме питомци. Не дај Боже тогаш да ја изгубиш брзината – веднаш влегуваш во ковит од кој е мошне тешко да се извлече авионот“, велеше генерал-полковникот Виктор Бондарев.

Јак-130

Сосема е поинаква ситуацијата со авионот Јак-130. Него, напротив, е мошне тешко да го воведеш во ковит. Дури и ако поради некоја причина се случи тоа, доволно е само да се пушти кормилото и новиот школско-тренажен авион ќе излезе и ќе продолжи со безбедно пилотирање.

Јак-130 е првиот руски авион дизајниран и произведен од нула по колапсот на Советскиот Сојуз во 1991 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња