Дали американскиот невидлив ловец има „советско потекло“?

Јак-141 на изложбата на авиони во Фарнборо 1992 година

Јак-141 на изложбата на авиони во Фарнборо 1992 година

Ken Videan/wikipedia.org
Американскиот ловец-бомбардер од петта генерација „Локид Мартин“ F-35 lightning II има советско потекло и контури на советскиот авион Јак-141, јавуваат американските медиуми.

Порталот Task & Purpose пишува дека појавата на новиот стелт-авион ја овозможил падот на Железната завеса. Компанијата „Локид Мартин“ и конструкторското биро „Јаковлев“ потпишаа 1991 година договор за соработка, па американската компанија на тој начин дошла до важни податоци за авионот Јак-141 за кој беа потребни години и години работа.

„Тоа беа многу важни информации кои помогнаа да се направи моторот, а тоа е срцето на современиот F-35“, наведува порталот.

F-35 може да се смета за директен наследник на моделот Јак-141, иако имаат различни аеродинамични профили и системи за стабилизација“, тврди авторот на статијата.

F-35As

„Податоците добиени од советскиот проект за авион со вертикално полетување и слетување сигурно се користени за изработката на јуришниот ловец F-35. Така доаѓаме до заклучокот дека своето постоење F-35 го должи на програмата за вооружување од советската епоха“, пишува авторот.

Јак-141, повеќенаменски палубен авион со вертикално полетување и слетување е наменет за заштита на носачи на авиони од авијацијата на противникот и за бомбардирање на копнени и морски цели. Конструиран е во 70-те години, а првиот лет е изведен 1987 година. Руската воена авијација никогаш го нема користено.

F-35 lightning II е „невидлив“ едномоторен повеќенаменски борбен авион од петта генерација за воздушни борби, уништување на копнени и морски цели и извидување.

Прочитајте повеќе: Дали Јак-141 е „таткото“ на F-35B?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња