Развојот на авионот Јак-141 во СССР почна уште во седумдесеттите години, првиот лет беше изведен 1987 година, меѓутоа руска воена авијација никогаш го нема користено.
Јак-141
Ken Videan (GFDL 1.2)СССР намераваше да ги надмине дизајнот, капацитетот, брзината и перформансите на летањето на британскиот борбен авион „Хариер“ кој учествуваше во Фокландската војна 1982 година. Советскиот Сојуз немаше големи носачи на авиони и тежнееше да развие млазен авион кој може полетува од кратки писти како хелиодромите или платформите на противподморничките крстосувачи од проектот 1123 како „Москва“, „Ленинград“ и „Киев“.
Јак-141 според карактеристиките ги надмина своите претходници (Јак-36 и Јак-38), но и странските авиони („Си Хариер“, Dassault Mirage IIIV) и најверојатно беше на пат да стане најдобриот морнарички авион.
Јак-141 во музејот на Вадим Задорожни
Виталиј В. КузминМеѓутоа, судбината не му беше наклонета. Бројните инциденти при полетувањето, распадот на СССР и подоцнежните финансиски проблеми направија да прекине развојот на овој авион. Беа направени четири прототипи, но до сериско производство никогаш не дојде.
F-35B
Lockheed Martin и конструкторскот биро „Јаковлев“ потпишаа 1991 година договор за соработка, така што американската компанија на тој начин дојде до важни податоци за авионот Јак-141 за кој беа потребни години и години работа и ги применија во развојот на својот модел F-35B.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче