Кинеското Министерство за одбрана не ги коментираше овие наводи. Како што проценуваат воените експерти, макетата е направена со цел тестирање на напаѓачко-навигацискиот комплекс на кинеските борбени хеликоптери и авиони, пренесуваа рускиот интернет-портал „Взгљад“ повикувајќи се на извори од сајтот „Дифенс Блог“. Авторите на текстот напомнуваат дека слични макети на борбена техника се користат како мети во многу армии во светот.
Според руски извори, се работи за имитација на основниот борбен тенк Т-90С (извозната верзија – заб. на прев.). Овој тенк во огромен број (повеќе од 1000 единици) се наоѓа во состав на оклопно-механизираните единици на индиската армија. И камуфлажната боја која се наоѓа на макетите одговара на „шарата“ која се наоѓа на индиските тенкови Т-90С.
China army uses mock-up of T-90 tank for combat traininghttps://t.co/MlsmfDqonopic.twitter.com/9gj4itOLIq
— Defence blog (@Defence_blog) 1 March 2019
Основниот борбен тенк Т-90 е претставен уште во далечната 1992 година. Развиен е и произведен од познатата руска компанија за производство на тенкови и други оклопни борбени средства „Уралвагонзавод“. По премиерата е брзо усвоен во вооружувањето, каде стана главниот тенк на копнениот вид на руската армија. Иако руската армија 2011 година се откажа од понатамошна набавка на овие тенкови, тој и понатаму се произведува под ознаката Т-90С при што неговата комплетна продукција, речиси во целост е наменета за извоз. Токму благодарение на комбинацијата од својата функционалност и големиот простор за интеграција на пакетот модернизација кој содржи нови системи за управување со огнот и напредна оклопна заштита, тој и понатаму опстанува на светскиот пазар на вооружување, каде за него владее сѐ поголем интерес.
Меѓу Индија и Кина постои сериозен територијален спор околу територија со површина од 60 илјади квадратни километри која се наоѓа во североисточната држава Аруначал-Прадеш на северот на Кашмир. И тоа не е сѐ. И во другите погранични делови меѓу овие две земји постојат сериозни проблеми кои се однесуваат на спорната територија. Често се случуваат и вооружени инциденти во кои учествуваат погранични единици на двете војски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче