Тенк Т-90 „на капење“ (ВИДЕО)

Скриншот
Погледнете како се тестира водоотпорноста на руските тенкови.

Како што знаете, тенкови не се плашат од кал. Но не би требало да се плашат ни од водени бариери. За да бидат сигурни во водоотпорноста на своите возила, специјалистите на „Уралвагонзавод“ ги ставаат своите тенкови директно од производната лента во базен.  

Видеото од испитувањата е објавено на „Јутјуб“.

Случајно одбраниот новопроизведен тенк се потопува во базен на длабочина од пет метри и се држи во него 20 минути.

За тоа време, го испитуваат тројца експерти: од работилницата, од управата на фабриката и од Министерството за одбрана на РФ. Внатре влегуваат низ специјална цевка.

Според основните параметри на овој тест, тенкот не мора да биде во целост херметички затворен, т.е. се толерира одредено количество вода да влезе во тенкот која во основа не може да ѝ наштети на вкупната функционалност на тенкот. Максималното количество вода која може да влезе во тенкот е ограничена на 100 литри.

Прочитајте повеќе за Проектот „Штурм“: Приоритет на руската армија е етапна роботизација на нејзините оклопни единици

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња