Прв во „остра“ конкуренција:Американците го прогласија рускиот Т-90А за најсмртоносен тенк на светот

Слободан Ѓукиќ
Во САД составија листа од ТОП-5 најсмртоносни тенкови на планетата. Во првата петорка влегоа основните борбени тенкови на САД, Германија, Израел, Велика Британија. Тука се најде и рускиот тенк Т-90А.

Оваа листа ја состави американскиот интернет портал „Национален Интерес“, а најважните делови од овој текст ги преведе руската агенција РГ.

На првата позиција на нивната листа се наоѓа рускиот основен борбен тенк Т-90А кој ја сочинува окосницата на руската Копнена војска. Неговиот предок е познатиот советски тенк Т-54. Тој ги содржи најдобрите особини на тенковите кои настанаа по Т-54 (семејството тенкови Т-72/Т-80). Во објавениот текст авторите го нарекуваат овој тенк шампион кога е во прашање „далекуметната“ смртоносност. Имено, неговото основно орудие - тенковскиот топ со калибар 125 мм е значително поефикасен од своите западни конкуренти според параметарот на ефективниот дострел. Овој топ може да стрела со противтенковски ракети „Рефлекс“ со дострел од 5000 метри, што е далечина која за западните тенкови е мисловна именка. Тандем-кумулативна боева глава на оваа ракета може да пробие и до 700 мм тенковски оклоп на овие далечини, што ја става во редот на многу опасните оружја.

На второто место се наоѓа американскиот основен борбен тенк M1 „Абрамс“. Изданието го смета за неспорен лидер на временската епоха која настана по завршувањето на Студената војна. Тој претставува идеална комбинација на огнена моќ, оклопна заштита и мобилност.

На третото место се наоѓа германскиот основен борбен тенк „Леопард 2“. Него го сметаат дека е најдобриот тенк кој се произведува на територијата на Западна Европа. Се карактеризира со едноставност при управувањето.

На четвртото место е израелскиот тенк „Меркава IV“. Интернет порталот забележува дека предниот дел на корпусот на овој тенк има остри рабови (во вид на нож), што обезбедува значително зголемување на оклопната заштита на тенкот поради силната закосеност на оклопот. Погонскиот мотор на тенкот се наоѓа во неговиот преден дел, што создава дополнителна преграда меѓу ударот на противоклопната граната/ракета и тенковскиот екипаж. Оваа карактеристика битно влијае на нивното преживување.

И на последното место се наоѓа англискиот тенк „Челинџер 2“. Тој претставува тенк кој се карактеризира со значително силна оклопна заштита која е можеби и најсилна од сите тенкови. Неа ја сочинува повеќеслојниот „сендвич“ оклоп (Chobham) од втора генерација.

Прочитајте повеќе: Рускиот борбен тенк Т-90 „Владимир“ преку Алжир ја освојува Африка

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња