„Договор на векот“:Русија и Кина заедно прават тежок воено-транспортен хеликоптер од нова генерација

Ми-26

Виталиј В. Кузмин/Wikipedia.org
„Тоа ќе биде моќно летало со голема носивост, кое ќе има можност за употреба на непристапен ридско-планински терен“, изјави директорот на секцијата на „Ростех“ за меѓународна воена соработка и регионална политика Виктор Кладов. Притоа тој изнесе и некои технички детали за хеликоптерот од нова генерација кој заедно ќе го развиваат Русија и Кина.

Русија и Кина се подготвуваат да го потпишат финалниот договор поврзан со заедничкиот проект за развој на тежок воено-транспортен хеликоптер од нова генерација. Како што неодамна соопштија медиумите повикувајќи се на првиот човек на концернот „Ростех“ задолжен за меѓународна воена соработка и регионална политика Виктор Кладов, тнр. „договор на векот“ ќе биде потпишан во најскоро време.

Потпишувањето на договорот за заеднички развој на тешкиот воено-танспортен хеликоптер AHL (Advanced Heavy Lifter) се случи во средината на 2016 година, кога во Пекинг се состанаа лидерите на двете пријателски држави. Овој договор година дена подоцна беше потврден и од страна на руската влада. Тогаш беше прецизирано дека руската страна во овој голем потфат ќе ја претставува концернот „Хеликоптери на Русија“ (дел од „Ростех“) кој ќе има задача да ги развие најкомплексните делови на хеликоптерот и да обезбеди одреден трансфер на технологијата на кинеската страна, додека Кинезите ќе ги претставува националната воздухоловно-конструкторска корпорација AVIC која ќе има задача да направи прототипски модел на леталото, да ја реализира целокупната фаза на неговото тестирање, лиценцирање и промоција на пазарот.

„Тоа ќе биде моќно летало со голема носивост, кое ќе има способност да оперира во непристапен ридско-планински терен“, изјави за интернет-порталот „Взгљад“ директорот на ресорот за меѓународна воена соработка и регионална политика на „Ростех“ Виктор Кладов и додаде „во еден момент Кинезите нѐ контактираа со молба заеднички со нив да учествуваме во развој на нова машина, која ќе биде наменета за извршување на такви задачи“.

Претставникот на „Ростех“ исто така појасни зошто кинеската страна сакала место постојните тешки воено-транспортни хеликоптери Ми-26 да влезе во проект за развој на ново летало.

„Кинеската армија во својот состав поседува хеликоптери Ми-26. Ние во првата фаза, кога оваа идеја беше уште во пелени, им предложивме на кинеските партнери понатамошно продолжување на соработката поврзана со хеликоптерот Ми-26. Меѓутоа, се покажа дека со цел ефикасно решавање на специфичните тактички барања поставени пред новиот хеликоптер, работата со леталата Ми-26 беше непотребна“, рече Кладов.

Тешкото воено-транспортно летало од нова генерација би требало да биде малку помало од Ми-26 како по димензии, така и по носивост. Најверојатно ќе го движи истиот погонски мотор кој се наоѓа на хеликоптерот Ми-26.

„Што се однесува до Русија, нам таков тип на хеликоптер не ни е потребен“, рече Кладов и додаде, „дека леталото специјално се развива за потребите на Кина“.

Прочитајте повеќе: Русија и Кина го претставија моделот на новиот здружен проект на патнички авион CR-929

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња