Русија во планираните рокови ќе го реализира својот дел од работата кога е во прашање исполнување на договорот потпишан со НР Кина, а кој подразбира испорака на две ескадрили ловци Су-35 од генерацијата 4++ (24 апарати) како и ракетни системи за противвоздушна одбрана С-400 „Триумф“. Ова за информативниот портал РИА „Новости“ го изјави Виктор Кладов, раководител на меѓународната делегација на корпорацијата „Ростех“ која учествува на големиот саем за оружје и воена техника во кинескиот град Џухај.
Договорот за испорака на 24 борбени апарати Су-35 беше потпишан 2015 година, а рокот за негова реализација истекува наредната, 2019 година. Што се однесува до набавката на ракетните ПВО-системи С-400 „Триумф“, договор исто така беше потпишан истата година, со тоа што рокот за негова реализација е малку подолг и истекува 2020 година.
„Сѐ оди според планот и во склад со поставените рокови. Сите договори ќе бидат реализирани навреме“, истакна Кладов.
Тој исто така напомена дека новите ловци Су-35 предизвикале извонредна реакција кај кинеските пилоти кои едноставно се вљубиле во тој авион. „Тој има извонредни тактичко-технички карактеристики, висока маневарбилност со истовремена леснотија на управувањето. Накратко, ние ја обожуваме таа машина. И се гордееме со неа“, рече Кладов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче