Русија и Кина го претставија моделот на новиот здружен проект на патнички авион CR-929

Reuters

Кинеската корпорација за цивилна авијација (СОМАС) заедно со  руската Обединета воздухопловна корпорација претстави макета на широкотрупниот авион со голем долет CR-929 во природна големина и тоа на Џухајскиот аеросаем.

Демонстрационата макета е направена во размер 1:1. Таа вклучува три класи патнички простории и кокпит. Должината на макетата е 22 метри, ширината 5,9 метри, а висината 6,5 метри.

Моделот има два реда седишта во првата класа, три реда во бизнис класата и четири реда во економската класа. Ентериерот на леталото е украсен во руски и кинески стил. Покрај тоа, во леталото има и систем за забава.

Авионот во основната верзија ќе може да понесе 280 патници на максимална далечина од 12000 километри, се прецизира на веб-сајтот на весникот „Известија“.

Според водечкиот руски конструктор Максим Литвинов, самото летало во моментов се наоѓа во фаза на прелиминарно дизајнирање и селекција на снабдувач. Се очекува неговиот финален изглед да биде утврден пред крајот на 2019 година. Конструкцискиот центар ќе се наоѓа во Русија.

Авионот би можел да го има својот прв лет веќе во 2025 година. Притоа не се исклучува овој воздухоплов да стане конкуренција на водечките светски авиопроизводители, односно да заземе забележлив дел на аеронаутичкиот пазар не само во Руската Федерација и Кина, туку и во другите земји.

Прочитајте повеќе: Русија ќе ѝ испорача на Кина најсовремена борбена техника во склад со договорените рокови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња