На интернет е објавено видео на кое е прикажано боево гаѓање реализирано во акваторијата на Црното море. Во главна улога се најде малиот противподморнички брод „Касимов“ од класата 1124 „Албатрос“.
Посадата на малиот противподморнички брод МПК-199 „Касимов“ изведе воена вежба со боево гаѓање. Таа имаше задача ефикасно да реагира „на различни закани кои би можеле да дојдат како од воздух, така и од море“. Ова го соопшти информативната служба на руското Министерство за одбрана.
„Во текот на вежбата посадата на бродот имаше задача да изведе комплекс дејствија со цел организација на противвоздушната одбрана на бродот, како што е откривање и следење на потенцијално опасни цели, потоа огнено дејство по група цели кои имитираа воздушен напад, како и огнено дејство по објекти на вода кои имитираа противбродски мини“, се наведува во соопштението кое го пренесува интернет порталот „Взгљад“.
Притоа се употребени артилериски средства кои се наоѓаат во вооружувањето на бродот. Тоа е универзалниот артилериски систем АК-176 вооружен со топ со висока балистика со калибар 76,2 мм, како и артилериски модул АК-630М наменет за непосредна ПВО заштита на бродот, вооружен со ротациски шестцевен топ со калибар 30 мм. Последниот има брзина на гаѓање и до 5000 гранати во минута.
МПК-199 „Касимов“ се наоѓа во состав на Црноморската флота.
Видеоматеријалот од вежбата е објавен на „Јутјуб“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче