Во описот на фотографијата не се наведува името на оваа подморница која во моментот на лансирањето се наоѓала во подводно движење. Судејќи според фотографијата, се работи за ракета Р-30 „Булава“ која во своето вооружување ја имаат само стратешките нуклеарни подморници од класата 955 „Бореј“. Од трите подморници од оваа класа, во состав на Северната флота се наоѓа главната подморница од оваа класа К-535 „Јуриј Долгоруки“.
Подморницата влезе во оперативно вооружување 2013 година и е префрлена во Гаџиево, кој претставува основна поморска база на руската Северна флота. Оваа подморница-ракетоносец е вооружена со 16 интерконтинентални балистички ракети на цврсто гориво Р-30 „Булава“, од кои секоја носи по десет термонуклеарни боеви глави со сила од 150 кт кои индивидуално се наведуваат кон целта. Ефективниот дострел на ракетата е 9300 километри.
Во описот на сликата е само напишано дека „нарачателот навреме ќе ја добие својата пратка“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче