Руската флота нарача нова фрегата која по своите карактеристики повеќе ќе наликува на крстосувач

Ракетната фрегата 22350 „Адмирал Горшков“

Ракетната фрегата 22350 „Адмирал Горшков“

Слободан Ѓукиќ
Командантот на руската Воена морнарица Владимир Королев изјави за руските медиуми дека многу скоро започнува изградбата на нова фрегата која ќе припаѓа на класата воени бродови 22350М.

„Без каков било сомнеж, се работи за бродот на иднината. Работата на тој план е во целост организирана. Сакам да потенцирам дека тоа е една од нашите главни задачи. Ние и понатаму ќе продолжиме со пополнување на нашата флота со ракетни фрегати од класата 22350, а во блиска иднина и со перспективните фрегати од класата 22350М, кои ќе се карактеризираат со уште поголем вкупен депласман во однос на стандардните фрегати“, рече Королев за време на одбележувањето на 310 годишнина од формирањето на Централниот поморски музеј.

Тој исто така нагласи дека се очекува годинава во оперативното вооружување на руската Воена морнарица да влезе и новата фрегата од класата 22350 „Адмирал Касатонов“, која се наоѓа во завршна фаза на тестирањето. Конкретно, се работи за пловило кое ќе влезе во состав на Северната флота.

Треба да се истакне дека во јули 2018 година Андреевското знаме беше подигнато на палубата на главната фрегата од оваа серија борбени бродови „Адмирал Горшков“. Во моментов во фаза на изградба се наоѓаат уште два брода од проектот 22350 – „Адмирал Головко“ и „Адмирал Исаков“ кои на почетокот на втората деценија на 21 век ќе им бидат испорачани на единиците на Тихоокеанската и Северната флота.

„Адмиралите“ ќе имаат депласман од речиси 5400 тони. Погонската снага која ја генерираат гасните турбини може да достигне 50000 коњски сили и тие му овозможуваат на бродот без дополнително полнење на гориво да помине 45 00 наутички милји (со економична маршевска брзина на пловидба). Максималната брзина на бродот при форсажна работа на моторот достигнува 34 јазли (околу 65 км/час). Тоа е респектабилен борбен брод кој во своето вооружување има артилериски систем А-192 „Армат“ и противбродски верзии на ракетите „Оникс“ и „Калибар“. Провиввоздушната одбрана ќе ја обезбеди ракетниот систем „Полимент-Редут“. Се работи за првите поголеми надводни пловила кои се изградени во постсоветско време. При нивното конструирање и изработката се примените најновите достигнувања од сферата на бродоградежништвото.

Што се однесува до ракетната фрегата од класата 22350М, засега нема многу податоци за нејзините карактеристики. Според воените експерти, таа според своите димензии ќе биде значително поголема од својот претходник. Се споменува дека нејзиниот вкупен депласман ќе изнесува цели 8000 тони, што ги надминува стандардите поврзани со овој вид бродови. Ова ќе создаде дополнителен простор за интеграција на најсовремена борбена техника и вооружување. Може да се очекува бродовите да бидат вооружени со перспективни крстосувачки ракети со хиперсонични карактеристики, како и со најновата модификација на ракетата „Калибар-М“ со зголемен дострел.

Прочитајте повеќе: Вооружена до заби: Руската невидлива фрегата „Адмирал Горшков“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња