Како што соопшти интернет порталот РГ, се работи за количина од вкупно шест батискафи. Според неименуван извор од рускиот воено-индустриски комплекс, по два батискафа ќе влезат во секоја од горенаведените флоти.
Развојот на овие специјални длабоководни апарати го презеде тим конструктори од Санкт Петербург. Тие првенствено ќе бидат употребувани за одржување и поправка на цевководите кои се поставени на морското дно. Целокупниот развој на овие апарати треба да биде до крајот на 2022 година.
Освен цивилните структури, за овие батискафи е заинтересирана и војската. Тие би можеле многу ефикасно да се употребуваат и во специјални длабоководни операции за воена намена.
Според првичните податоци кои дојдоа од неименуван извор близок до инженерите кои работат на изработка на прототип на овој батискаф, тој ќе има тркалезна форма како топка, со проѕирен корпус направен од комбинација на материјали на акрил и титаниум. Ќе го движи електричен мотор кој ќе може да обезбеди работа во траење од 24 часа. На батискафот ќе можат да се прикачат различити типови дополнителни манипулатори со специјализиран алат за работа на големи длабочини.
Работната длабочина на овој батискаф ќе достигнува 2500 метри. Екипажот ќе се состои од максимум три члена. Вкупната цена на развојниот проект е проценета на 13,1 милиони евра.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче