Рускиот претседател Владимир Путин на 19 септември го посети стрелиштето на концернот „Калашников“ за да ја тестира најновата пушка на оваа компанија, СВЧ-308. Ова оружје ќе го замени веќе стариот „Драгунов“ во арсеналот на руските Вооружени сили.
СВЧ е полуавтоматска снајперска пушка со ефективен дострел до еден километар. Пушката е базирана на зголемена варијанта на МА „Винторез-Драгунов“, а направени се три верзии на оружјето.
Првата е во советски калибар 7.62х54R кој е во широка употреба во руската војска. Втората и третата верзија на СВЧ се за НАТО калибрите - .308 Win (кој руските снајперисти неофицијално го преферираат во однос на 7.62х54R) и моќниот .338 Lapua Magnum кој има дострел до 1,6 км.
Зошто да се замени добриот стар „Драгунов“?
Снајперската пушка „Драгунов“, направена во текот на педесеттите години на минатиот век, досега е веќе на големо застарена. Основниот проблем на нејзиниот советски дизајн е во тоа што не е во состојба сигурно да ги држи современите оптички нишани затоа што се мошне поголеми и потешки од поранешните советски.
На телото на „Драгунов“ исто така му недостасува цврстината на современите пушки. Тоа значи дека нишанот може да се помести по секој истрел и, иако таквите девијации се главно со микроскопски размери, ефектот врз прецизноста на оружјето може да биде решавачки. Новата СВЧ е исто така компатибилна со модерните термални нишани и оптиката за ноќно набљудување.
Позајмувајќи некои од решенијата од пушката МА „Винторез“, „Калашников“ го задржа принципот на работа на механизмот на „Драгунов“ при правењето на новиот снајпер. И покрај своите стари мани, старата пушка и понатаму се смета за сигурно полуавтоматско оружје.
Во суштина, СВЧ е стариот, докажан концепт на огнено оружје ставен во ултра модерно тело. Не само што пушката изгледа добро колку и конкурентите (на пр. Heckler&Koch), туку може да се пофали и со неверојатната ергономија. Грубиот сигурносен систем на „Драгунов“, лоциран на средината на оружјето, е заменет со практична двострана рачка која може да се контролира со палецот, што го олеснува отворањето на огнот во итни ситуации.
Новиот телескопски кундак исто така вреди да се спомене и може да се прилагоди на секој стрелец. Механизмот на чкрапалото исто така може фино да се прилагодува, како во смисла на силата, така и во смисла на „одот на чкрапалото“. СВЧ поседува тактичка флексибилност и дејствува со високо ефективен пневматски механизам, односно придушувач.
На меѓународниот пазар СВЧ ќе се натпреварува со најдобрите германски и американски пушки кои ги вклучуваат HK417, SCAR-H и AR-10. Прерано е да се зборува како ќе се носи со нив, но во Русија секако би се кренала голема врева околу овој нов далекуметен убиец.