ФСБ ја доби новата снајперска пушка „Точност”

Wikipedia.org
Најновата снајперска пушка „Точност” (Прецизност) влезе во состав на вооружувањето на Федералната служба за безбедност, Федералната служба за обезбедување и Росгвардија, соопшти генералниот директор на „Централниот научно-истражувачки институт за прецизна машиноградба” (ЦНИИТОЧМАШ) Дмитриј Семизоров.

Се наведува дека првите испораки се планирани до крајот на оваа година.

Семизоров притоа не наведе кога новата пушка ќе стане дел од вооружувањето на Министерството за одбрана на Русија.

Семизоров претходно соопшти дека барањата на МО на РФ во однос на снајперската пушка „Точност“ се посложени од гледна точка на технологијата и неопходноста од примена на делови и материјали исклучително од домашно производство. Директорот на ЦНИИТОЧМАШ исто така соопшти дека калибарот на новата пушка е 7,62 милиметри.

Новата руска снајперска пушка „Точност” првпат беше претставена во ноември 2016 година на натпреварувањата по повод одбележувањето на Денот на народното единство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња