Тивка и смртоносна: Американците ја фалат снајперската пушка МЦ-116

Виталиј В. Кузмин

Руските оружари успеаја да создадат една од најсмртоносните снајперски пушки во светот – најновата модификација МЦ-116М, конструирана за муниција со калибар 12,7 милиметри.

Ја одликува единствени спој на пробојна моќ и нечујност. Основниот  модел кој користи муниција со калибар 7,62 мм и има ефективен дострел до 800 метри е развиен уште 1997 година. Новата верзија, претставена на военотехничкиот форум „Армија-2018“, има суштински поинакви квалитативни карактеристики.

Како што се нагласува, стрелечкото оружје со придушувачи и сокривачи на пламен е сѐ побарано при изведувањето на специјални операции. Според ветеранот на Виетнамската војна, американскиот генерал во пензија Роберт Скејлз, во реален борбен судир противничките единици ретко се гледаат, двете страни се ориентираат според звукот и пламенот од истрелите и отвораат оган како одговор. Така страната која потешко може да се открие стекнува огромна предност.

Авторот на текстот нагласува дека самата идеја оружје со калибар 12,7 мм да се направи тивко е „чудна и сложена“. Со таа цел обично се користи помалку гласен калибар, на пример, 5,6 милиметри. Тешкотија претставува и тоа што не е доволно да се придуши пиштол или пушка, туку моќен звучен бран создава и самиот куршум.

Руските оружари најдоа решение за тој проблем, каде масивните куршуми МЦ-116М летаат со подсонична брзина без да губат на прецизност. Покрај тоа, калибарот 12,7 мм обично се користи кај митралезите или снајперските пушки со голем дострел, така што и при мали брзини куршумот ја задржува својата пробојна моќ,

Новата руска пушка може да стане нов стандард на нечујно снајперско оружје, пишува „Попјулар Меканикс“. Меѓутоа, како што се наведува, и покрај тоа таа ќе се користи ограничено, во редовите на единиците за специјални единици. Особено ќе биде погодна за борба во урбани средини кога е практично невозможно да се одреди од каде доаѓа истрелот, се истакнува во текстот.

Прочитајте повеќе: Нова бесшумна снајперска пушка ќе биде претставена на форумот „Армија 2018“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња