Руските спецназовци ги испробаа новите снајперски пушки

АСВК Корд-М 6В7М

АСВК Корд-М 6В7М

Виталиј В. Кузмин

Силите за специјална намена на Јужниот воен округ добија модернизирани пушки и митралези со голем калибар и ги почнаа своите први практични вежби со новото оружје.

Станува збор за снајперските пушки СВДМ и АСВК-М „Корд-М” со калибар 7,62 и 12,7 милиметри. Извидничките единици на механизираните пешадиски дивизии на Јужниот воен округ исто така добија и модернизирани автоматски пушки од системот „Калашников“ АК-74М на кои сега може да се интегрира дополнителна тактичка опрема.

Министерството за одбрана на РФ наведе во своето соопштение дека снајперистите на 150 моторизирана стрелечка дивизија на ЈВО која е стационирана во Ростовската област, вооружени со снајперски пушки АСВК-М „Корд-М“, изведуваат на полигонот Кадамовски специјални тактички вежби за уништување на лесна оклопна техника на условен противник. На теренските услови, како што се наведува, ќе се гаѓаат мети кои симулираат резервоари на воена техника на растојание од 2000 метри.

Преку 100 снајперисти ќе увежбуваат извидување на цели, одредување на нивна далечина и прецизно гаѓање од двете пушки во различни теренски услови и периоди. Со користење на чадни завеси симулираната ситуација ќе биде максимално приближена на борбената.

СВДМ е модернизирана верзија на снајперската пушка „Драгунов“. Вкупната должина на пушката изнесува 1155 мм, а со преклопен кундак 875. Масата изнесува 5,3 килограми, капацитетот на рамката десет куршуми со калибар 7,62 мм. „Пикатини“ шината овозможува монтирање на современи оптички, ноќни и термовизиски нишани.

Снајперската пушка АСВК-М, која е дел од опремата „Ратник” е полесна од својата претходничка поради примената на поинакви материјали и има зголемен ресурс од 4,5 илјади куршуми. Тежината со стандардниот нишан ѝ е 11,2 килограми. Моќниот куршум со калибар 12,7 мм овозможува уништување на цели на растојание од 2000 метри.

Прочитајте повеќе: Рускиот спецназ добива пушкомитралези РПК-16, догодина почнува сериско производство на АК-12 и АК-15

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња