Американскиот портал „Национален Интерес“ пренесува дека САД имаат техничка можност да направат балистичка заштита на војникот која може да задржи погодок од руските снајперски пушки СВД и СВ-98, кои пак користат муниција со стандарден калибар 7,62х54мм. Меѓутоа, за потребите на руските единици, врз база на СВД е развиена пушката со голем калибар СВДК (скр. од Снайперская винтовка Драгунова крупнокалиберная) која користи куршум што може да ја пробие практично секоја балистичка плоча и за чиј куршум Американците немаат адекватно решение.
Снајперска пушка СВДК
Виталиј В. КузминПушката користи куршум со калибар 9,3×64 мм 7Н33, кој има исклучителни балистички карактеристики. Имено, зрното со овој калибар генерира енергија од 4920 Џули* и е способно од оддалеченост од 200 метри да пробие челична плоча дебела 10мм. Поради својата сила овој куршум се користи главно за лов на трофеен африкански дивеч како слонови, носорози и сл.
За разлика од стандардната снајперска пушка СВД, оваа пушка има малку поголема тежина, која без оптичкиот нишан и ногарките достигнува 6,5 кг. За неа е развиен и нов оптички нишан мод. 1П70 „Хиперон“ кој дава далеку поквалитетни резултати на растојанија поголеми од 800м. Благодарение на балистичките карактеристики на снајперската муниција 7Н33, како и на квалитетот на самата пушка СВДК, ова оружје може да пробие секаков тип на балистичка заштита на далечина и до 600 метри, вклучувајќи и лесно оклопни борбени средства.
Покрај оваа пушка, Американците предупредуваат и на новите типови снајперски пушки Т-5000 кои користат муниција со калибар .338 Lapua (8,6×70 мм). Се работи за исклучително моќен куршум со голема прецизност. Исто така се одликува со исклучително голема енергија на зрното (околу 6500 Џули) и способност за пенетрација низ секаков тип на постојната балистичка заштита. Најновата модификација на руската снајперска пушка СВ-98/СВ-98М-338 ќе користи муниција со овој калибар. Значи, постои очигледна тенденција Русите целото свое стандардно снајперско вооружување полека да го конвертираат кон посилни калибри кои, покрај високата прецизност на големи растојанија, ќе имаат способност да го пробијат практично секој тип на балистичка заштита наменет за заштита на војникот.
Снајперска пушка СВ-98
Виталиј В. КузминАмериканските панцири се разбирливо немоќни против руските снајперски пушки со голем калибар како што се АСВК (скр.од Армейская снайперская винтовка крупнокалиберная) и нејзината модификација АСВК-М, кои масовно се користеа во Сирија и на Кавказ. Овие пушки користат куршум со калибар 12,7x108 мм, чие зрно генерира енергија од дури 18000 Џули, при што при директен погодок на жртвата ѝ нема спас, без оглед на степенот на нејзината заштитеност. Куршумот е способен да пробие лесно оклопни борбени средства на растојание и до 1500 метри.
Руски снајперист во состав на ВДВ со снајперска пушка со голем калибар АСВК
mil.ru* Зрното со калибар 7,62х54мм носи енергија до 4000 Џули и може да пробие степен на балистичка заштита IV на далечина до 200м.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче