СВД – незаменлива снајперска пушка

И педесет години по воведувањето во вооружувањето, снајперската пушка Драгунов се користи низ целиот свет. Извор: AFP / East News.

И педесет години по воведувањето во вооружувањето, снајперската пушка Драгунов се користи низ целиот свет. Извор: AFP / East News.

На почетокот на месецов се одбележаа 50 години од воведувањето во вооружувањето на снајперската пушка Драгунов (СВД). „Руска реч“ за вас подготви преглед во кој се говори за намената на ова убиствено оружје за кое сиот свет имаше само пофални зборови, како и за неговите модификации и перспективи.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век е направен конкурс за изработка на полуавтоматска (самополнечка) снајперска пушка за советската армија. На конкурсот победи колектив на чело со конструкторот Евгениј Драгунов, а во 1963 година во армиското вооружување е воведена пушката која го добила името на нејзиниот конструктор (снајперска пушка Драгунов). Специјално за оваа снајперска пушка бил направен „снајперски“ куршум со зрно кое има челично јадро, иако пушката може да користи цел спектар домашни куршуми 7.62х54R. 

Намена 

Треба да се спомене дека тактичката улога што ја имала СВД во советската и улогата што ја има во руската армија се разликува од традиционалната улога на „снајперот“ во западното сфаќање на овој термин. Основната намена на пушката се состои во зголемување на далечината на ефективниот оган на стрелечкото одделение преку границите на можностите на стандардните автомати, на растојание од дури 600-700 метри. Фактот што СВД има доста широка употреба и тоа токму во својство на снајперска пушка, зборува најпрво за тоа дека до неодамна не постоело специјално оружје од ваква класа во руските структури, иако пушката СВ-98 од истиот калибар која неодамна е воведена во вооружувањето може со текот на времето да ја промени ситуацијата. 

Конструкција 

Ижевска машинска фабрика

 

„Ижмаш“ е најголемиот руски производител на воено автоматско и снајперско оружје, оловни артилериски зрна, како и широк спектар на цивилно производство – ловечки и спортски пушки, држачи и инструменти. Претпријатието е основано во 1870 година. Производите на „Ижмаш“ се испорачуваат во 27 земји во светот, вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Германија, Норвешка, Италија, Канада и Тајланд. 

СВД добро се покажа во конфликтите во Авганистан, Чеченија и во останатите жаришта во разни земји од светот и претставува еден од најбараните воени трофеи. Странските експерти за снајперската пушка Драгунов пишуваа: „Нема ништо излишно. Ништо комплицирано или чувствително за ракување. Единствено што преостанува е да се нишани и да се пука.“ Во швајцарскиот воен магазин Schweizer Waffen-Magazin во 1989 година беше објавен напис посветен на ова оружје. Во него беше напишано: „Советската снајперска пушка Драгунов за класична руска муниција со калибар од 7,62х54 милиметри со прстенест раб на дното од гилзата спаѓа во ретките колекционерски експонати на Запад. Една од нив подвргнавме на практична проверка... Снајперската пушка Драгунов е мошне добро конструирана. Без оглед на традиционалните канони за проектирање прецизно оружје, поранешниот спортски стрелец Драгунов сојата пушка ја направил како лесно оружје. Нормите на НАТО за снајперски пушки пропишуваат максимален ефективен дострел од 600 јарди (548.6 метри) во серија од десет куршуми – 15 инча (38.1.цантиметар). Советската снајперска пушка Драгунов самоуверено ги надминува овие барања. Ударот е умерен, без оглед на релативно крупниот куршум. Пушките Драгунов се познати по тоа што проверено функционираат во најсложените услови без особено педантно одржување“.

Тактичката улога што ја имала СВД во советската и улогата што ја има во руската армија се разликува од традиционалната улога на „снајперот“ во западното сфаќање на овој термин.

Во конструкцијата на СВД се користи истата автоматика како и кај автоматот Калашников, но со изменет систем за користење на енергијата на гасовите. Покрај основниот оптички нишан со фиксно насочување 4Х на оваа пушка може да се постави и ноќен нишан. На претходните верзии кундакот и облогите беа изработени од дрво, додека на современите верзии облогата е направена од пластика, додека кундакот може да биде дрвен или полимерен. На пушките со ознака СВД-С постои посебна полимерна дршка и метален преклопен кундак. Една од карактеристиките на снајперската пушка Драгунов е цевката со специјален додаток за монтирање бајонет. 

Географија 

Различни модификации на снајперската пушка Драгунов и на нејзините локални верзии постојат на целата Земјина топка. Освен Русија и поранешниот СССР, со пушката Драгунов се вооружени снајперистите од Финска, Унгарија, Романија, Чешка, Словачка, Полска, Бугарија, Албанија, Кина, Индија, Монголија, Авганистан, Ирак, Иран, Турција, Венецуела, Никарагва и други.

Модификации 

Врз база на снајперската пушка Драгунов произведена е цела низа модификации. Пушката со ознака СВД-С со скратена цевка и кундак на склопување е изработена специјално за падобранските единици. Цивилните ловечки карабини „Медвед“ (денес не се произведуваат) и „Тигар“ се многу барани. 

Копии и клонови на снајперската пушка Драгунов се продаваат и во странство, а меѓу нив можат да се најдат прилично верни копии ( на пример кинеската пушка од Типот 85 калибар 7.62х54R), како и имитации на база на конструкциите на автоматот Калашников, како што е позната југословенската полуавтоматска снајперска пушка М91. 

Уште една модификација претставува пушката со ознака СВУ (скратена снајперска пушка) по системот бул-пап. На творците на оваа модификации им успеало без негативни ефекти да ја скратат цевката а 100 милиметри. На пушката е исто така намален и степенот на звук при пукање, што овозможува максимално маскирање на снајперистите во услови на градска борба. Активно се користи и во специјалните единици на војската, полицијата и на останатите милитарни структури во Русија. 

На почетокот на деведесеттите години од минатиот век е направен таканаречениот „снајперски автомат“ со ознака СВД – СВУ-АС (скратена снајперска пушка, автоматска, со ножици). Основни нарачатели се специјалните единици на министерството за внатрешни работи. 

Минатиот месец „Ижмаш“ ја претстави првиот образец од снајперската пушка ВС-121 кој е направен врз основа на снајперската пушка Драгунов. Примената на конфигурациите бул-пап направи оружјето да биде покомпактно, полесно, поизбалансирано. ВС-121 е опремен со тактички придушувач. Освен тоа, на пушката можат да се монтираат сите современи оптичко-електронски уреди за снајпери. Образецот сега е во фаза на тестирање.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња