Извозната варијанта на хеликоптерот Ми-28НЕ ќе користи ракети со голем дострел и бомби од 500 кг

Ми-28Н вооружен со поткрилним „саќести“ контејнери Б8В20-А кои служат за смешстување на НРЗ калибар 80 мм

Ми-28Н вооружен со поткрилним „саќести“ контејнери Б8В20-А кои служат за смешстување на НРЗ калибар 80 мм

Слободан Ѓукиќ
Кај унапреденото летало се користени борбените искуства од Сирија кои „вредат злато“. Ми-28НЕ (Ми-28НЭ) ќе лета побрзо, ќе изведува посложени маневри во воздухот, ќе има максимално поедноставени команди, ќе управува со група беспилотни летали, од безбедно растојание по непријателот ќе дејствува со ракети кои пробиваат панцирни плочи со дебелина од еден метар, како и со бомби од 500 килограми.

Неодамна првиот човек на концернот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински истакна дека модернизираната верзија на хеликоптерот Ми-28НЕ (Ми-28НЭ) ќе има малку поинаков „технички облик“ од претходните верзии.

Жилав „летачки тенк“ кој удира со ракети, но и со бомби

Имено, во прв план е унапредувањето на неговата огнена моќ, поточно вооружувањето. На пример, противтенковската наведувачка ракета 9М123М „Хризантема-ВМ“ ќе се наведува кон целта со помош на двоканален систем за наведување. Според Андреј Богински, ефективниот дострел на оваа ракета ќе изнесува 10 километри што е прилично далеку доколку се знае дека станува збор за експортна верзија на леталото. Претпоставка е дека тандем-кумулативната боева глава на оваа ракета ќе може да пробила 1.300 милиметри хомогена челична плоча која е заштитена со реактивен оклоп. Одлични карактеристики демонстрираше и модернизираната наведувачка ракета 9М120-1 „Атака-ВМ“ која исто така се наоѓа во вооружувањето на овој хеликоптер. Овие ракети имаат нешто помал дострел од „Хризантема-ВМ“ (6-8 километри), но затоа пробојноста е на врвно ниво (1.000+ милиметри и хомогени челични плочи заштитени со структура за динамичка заштита). Обете ракети имаат можност да бидат вооружени со термобарички боеви глави за уништување на непријателската жива сила која се наоѓа во утврдени објекти.

Модернизираната варијанта на ударниот хеликоптер Ми-28НЕ (Ми-28НЭ) ќе може да уништува цели на копоното и со употреба на воздушни бомби со тежина до 500 килограми. Според генералниот директор на концернот „Хеликоптери на Русија“ голем дел од овие подобрувања се направени врз основа на борбеното искуство на базичната варијанта на Ми-28Н „Ноќен ловец“ која интензивно се употребува во Сирија.

Креативно проширување на борбениот потенцијал на леталото

Кај модернизираниот „ноќен ловец“ направени се и други модификации кои директно не се однесуваат на основното вооружување. Една од најинтересните модификации на рускиот оклопен јуришник е можноста за интеракција, односно управување со други летачки објекти, како што се беспилотните летала. Летачкиот екипаж кој се наоѓа во кабината на хеликоптерот ќе може да управува со неколку дронови. Исто така направени се и сериозни унапредувања на елисата на хеликоптерот, но и на зафатнината на моторот¹ кој сега му дава значително подобри летно-технички карактеристики во однос на базичните модели на леталото, особено кога хеликоптерот се употребува во пустински услови² или на високопланинско подрачје. Последица на сево ова е тоа што Ми-28НЕ (Ми-28НЭ) може да изведува во голема мера посложени летни маневри, а ќе има и повисоки вредности на крстосувачка брзина на летот. Одработени се и дополнителни зајакнувања на главните елементи на корпусот на леталото, а исто така и побезбедни резервоари за гориво, така што тоа ќе биде борбени пожилаво.

Во целина гледеано хеликоптерот е уште побрз и поманеврабилен, така што руските конструктори одработија и дополнителна калибрација на системот за управување која му овозможува на пилотот и покрај дополнителното „софисткување“ на леталото, со неа да управува уште поедноставно. 

Прекрасна извозна перспектива

Не постои сомнеж дека со овој блок модификации потребата за набавка на ваков опремен хеликоптер во голема мера ќе порасне кога станува збор за меѓународниот пазар за вооружување и воена техника. Особено ако се знае дека за него постои голем интерес практично од моментот кога се појави. Едноставно поволниот однос на цената со квалитетот привлекува многу држави од светот да го видат ова летало во своите вооружени сили. Станува збор за летало кое пред сѐ е наменето за огнена поддршка на копнените единици (особено на оклопно-механизираните единици) на точките на непосреден судар со непријателот. Во споредба со сличните борбени машини кои се произведуваат во светот, руската верзија има зголемена борбена жилавост. Сите овие побројни елементи ни говорат дека пред овој хеликоптер, како и пред компанијата што го произведува, навистина има прекрасна перспектива.

¹ Ми-28НЕ (Ми-28НЭ) како основен погон користи нов турбоелисен мотор ВК-2500-01 кој се карактеризира со зголемена излезна сила

² Леталото е опремено со систем на мултициклонски филтери за елиминација на правта

Прочитајте повеќе: Кој има поефикасен топ - Ми-28Н „Ноќен ловец“ или AH-64D „Apache Longbow“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња