Анализа: Кој има поефикасен топ - Ми-28Н „Ноќен ловец“ или AH-64D „Apache Longbow“

Слободан Ѓукиќ
Тие се ривали на светскиот пазар на оружје, но се и потенцијални противници во хипотетички воен судир. Станува збор од една страна за американскиот ударен хеликоптер AH-64D „Apache Longbow“, и неговиот потенцијален непријател, рускиот МИ-28Н „Ноќен ловец“.

И едниот и другиот хеликоптер се вооружени со автоматски топови со калибар од 30 милиметри кои се монтирани од долната страна на носечката платформа. Со оглед на тоа дека станува збор за топови од ист калибар, поголемиот број луѓе сметаат дека нивните техничко-тактички карактеристики се мошне слични, практично еднакви. Но, дали е навистина тоа така, ќе видиме понатаму во текстот. Па, да почнеме...

Хеликоптерски топ М230 

На американскиот хеликоптер AH-64D „Apache Longbow“ е поставен топ кој е конструиран врз основа на авионските топови со калибар од 20 милиметри. Станува збор за верзија на топ М230 кој беше специјално конструиран за хеликоптерите од Hughes Helicopters.

М230 според своите габарити спаѓа во доста лесен и компактен топ. Неговата тежина не преминува 55 килограми, а борбената брзина на гаѓање изнесува околу 625 гранати во минута. Ефектниот дострел изнесува 3000 метри. Но, основните замерки кои се однесуваат на овој топ е неговата проблематична функционалност за време на поинтензивни дејствија, како и релативно ниската ефикасност на гранатите на целта, во однос на овој калибар оружје.

Карактеристичен недостаток кај автоматскиот топ М230 е прегревањето на топовската цевка. Вжештената и релативно куса цевка на овој топ во голема мера ја намалува прецизноста на неговото испукување. Но, огнот што се јавува кај М230 е компензиран со зголемениот борбен магацин кој изнесува 300, па дури и 1200 гранати, а во зависност од применетата конфигурација на вооружувањето, односно на целта на борбената мисија.

Автоматскиот топ М230 калибар 30 мм на американскиот хеликоптер AH-64D „Apache Longbow“.

Во реални борбени услови е утврдено дека по 250-300 испукани гранати постои потреба за итно ладење на топовската цевка. Исто така, забележано е дека овој топ е мошне чувствителен кога се користи во нешто покомплицирани борбени услови, како што се на пример пустините. Практиката покажува дека овој топ може да се употребува само во случаи кога се дејствува со куси рафали од сам неколку гранати. Во спротивно доаѓа до значајно прегревање на топовската цевка која освен сериозното намалување на параметрите на прецизност на огнот, може да доведе и до застој на топот.

Посадите на овој хеликоптер се надеваа дека со воведувањето на панцирно-запалливата муниција М798 во борбениот комплет на овој топ, резултатите ќе бидат мошне подобри. Но, нивните надежи не се исполнија во практика. Исклучително високата вредност на ротација на овој проектил за време на неговиот лет имаше негативен ефект на создавање кумулативен млаз, односно ефикасност на оваа муниција во борбата против оклопните цели. Американските конструктори се обидоа овој проблем да го решат со примена на специјален облик на кумулативни зрна, но резултатите беа незначително подобри. Имено, овој куршум може да пробие 25 милиметри оклоп под агол од 60 степени, на далечина од 500 метри, што се покажа како недоволно во практика.

Руска верзија на хеликоптерскиот топ 2А42

Руските конструктори за разлика од своите американски колеги, решија на хеликоптерот да интегрираат, според габаритите, неспоредливо поголем топ. Станува збор за топ кој според своите техничко-тактички карактеристики, во голема мера се разликува од М230. Моделот на автоматскиот топ 2А42 се наоѓа во вооружувањето на борбените оклопни возила БМП-2 и БТР-90. Неговата тежина е речиси двојно поголема од американскиот топ М230, и изнесува 114 килограми.

Но, со неговата големина и силата на муницијата, овој топ се карактеризира со многу поголемо отскокнување за време на работата што влијае на  самиот хеликоптер. Руските конструктори го предвиделе овој проблем, и успешно го решиле со интеграција на специјална потпорна гондола, така што неговото отскокнување не влијае на високата прецизност на огнот, но ни на летните карактеристики на хеликоптерот. И навистина, рускиот топ 2А42 има значително подобри карактеристики според овој параметар од американскиот М230. Топот се монтира на потпорната гондола НППУ-28 која се наоѓа во неговиот носен дел, благодарение на што значајно се подобрува стабилноста на хеликоптерот за време на работата. Оваа гондола го „храни“ топот низ два уводници со муниција. Во едниот се наоѓа реденик со панцирно-запаллива муниција, а во другиот има реденик со високоексплозивна муниција која е ефикасна против живата сила на непријателот и леснооклопната борбена техника.

Автоматскиот топ 2А42 калибар 30 мм на рускиот хеликоптер Ми-28Н „Ноќен ловец“.

Со оглед на тоа дека техничките проблеми кои можеле да имаат сериозно влијание на стабилноста на леталото, како и на самата прецизност на огненото дејство, руските конструктори можат да се пофалат со навистина сериозен успех. Во однос на американскиот конкурент, рускиот топ има мошне посериозни карактеристики во речиси сите технички параметри. Тежината на самото зрно и неговата почетна брзина на устата на цевката се значително поголеми кај американскиот аналог (М230- 805м/сек. 2А42- 980-1120м/сек). Неговиот ефективен дострел изнесува 4.000 метри, а брзината на огнот е 800 гранати во минута. Панцирно-запалливиот куршум 3УБР8 кој се наоѓа во борбениот комплет на овој топ, од далечина од 1000 метри пробива речиси 30 милиметри хомогена панцирна плоча, која е поставена под агол од 60 степени. И навистина, кога ќе се погледнат овие параметри, се гледаат размерите на успехот на руските конструктори. Секако станува збор за хеликоптерски топ кој во светски рамки нема соодветна конкуренција.

И покрај овие гранични вредности, рускиот автоматски топ 2А42 важи за исклучително сигурно оружје кое нема проблем со прегревање на топовската цевка. За разлика од американскиот топ М230, овој топ може без какви било проблеми да дејствува во непрекинат рафал, и практично одеднаш да ги испука сите 250 гранати кои се наоѓаат во неговиот борбен магацин. И во такви екстремни услови на работа, параметрите на прецизност на огнот нема многу да отстапува од вообичаените вредности. Сепак, во реални борбени услови ретко ќе се случи оператер со ваква густина на огнот да дејствува по непријателот. Она што е многу поважно од оваа карактеристика е можноста на оператерот да го избере типот на гранатата со која ќе дејствува врз воочената цел. Тој може да избере дали ќе употреби панцирно-запалливи или високоексплозивни гранати, што драматично го зголемува степенот на ефикасност, но и рационализацијата во трошокот на муниција.

Благодарение на мошне подобрите балистички перформанси на гранатите, како и способноста за избор на муниција во зависност од видот на целта МИ-28Н „Ноќен ловец“ во однос на својот конкурент со мошне помало трошење муниција поефикасно го елиминира непријателот. Според различни процени на стручњаците, рафал гранати испукани од топот 2А42 за речиси 3-4 пати прави поголема штета на целта, од рафал испукан од топот М230.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња