Хеликоптер Ми-28 „Ноќен ловец“ на мисија во близина на воздухопловната база Хмејмим во Сирија.
Максим Блинов/РИА „Новости“Руските борбени хеликоптери Ми-28Н (Ноќен ловец) и Ми-35 извршија напади во Сирија врз милитантите на ИД, кои владините сили ги опколија на подрачјето на наоѓалиштето Шаер. Соодветното видео беше објавено во петокот на сајтот на телевизијата „Ѕвезда“.
Од кадрите се гледа како Ми-35 надлетува над позициите на терористите и ги гаѓа со ненаведувани проектили.
Потоа, како што соопштува „Ѕвезда“, во напад преминува сириската пешадија, меѓутоа, наидува на силен оган на противникот. По добивањето на координатите на огнените позиции на терористите, Ми-28 „Ноќен ловец“ нанесува нов удар.
По огнената поддршка добиена од „Ноќниот ловец“, единиците на армијата на Сирија се пробиваат низ позициите на терористите кои овие ги заземале од летото 2014 година.
Претходно началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на Вооружените сили на Русија Сергеј Рудској соопшти дека во текот на воената операција на Русија во Сирија, територијата контролирана од владата пораснала за повеќе од четири пати, на 78 илјади квадратни километри, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче