Бе-200
Сергеј ВладимировМБР-2
SputnikХидроавионите МБР-2 биле мошне ефикасни за време на Втората светска војна во извидницата или во бомбардирањето. Пилотите ги нарекувале „амбари“ или „крави“, а биле лесен плен за непријателот поради слабото вооружување и малата брзина. Затоа авионите МБР-2 изведувале главно ноќни акции.
Р-1
АрхиваПрвиот советски турбомлазен хидроавион Р-1 бил брз како главните ловци на американската морнарица FH1 Фантом и F9F Пантер. Но, поради технички проблеми производството на овој авион никогаш не било започнато.
Бе-12
Николај Акимов/TASSОвој ветеран служел на советската армија и продолжува да служи на руската веќе 58 години и е најстар хидроавион од својата категорија. Главната задача на „Галебот“ (Чайка) е да бара и да потопува непријателски подморници. Сепак веќе е застарен. Руската армија планира или да го повлече од употреба или скоро целосно да го модернизира.
А-40
Валериј Матицин/TASSА-40 е конструиран во осумдесеттите години од минатиот век ќе беше најдобар советски подморнички хидроавион. Но, проектот пропадна заедно со Советскиот Сојуз. Министерството за одбрана на Русија сега сериозно размислува да му даде на „Албатрос“ втора шанса.
Бе-200
Максим Блинов/SputnikЕдинствениот турбомлазен хидроавион на светот Бе-200 е повеќенаменско летало. „Алтаир“ (најсјајната ѕвезда на соѕвездието Орла) може да биде и авион за спасувачки операции, за патролирање, за гаснење пожари, патнички или товарен авион.
Бе-200 како противпожарен авион може во лет за само неколку секунди да ги наполни своите резервоари со 12 кубни метри вода.
ВВА-14
Александар МаркинОва е неуспешен обид на советските инженери да направат хидроавион со вертикално полетување. Ваквото летало би можело да биде стратешки или тактички бомбардер и да носи нуклеарна бомба. Од проектот се откажале зашто било тешко да се направи мотор за вертикално полетување за еден хидроавион.
Бе-2500
ПАО "ТАНТК им. Г.М. Бериева"Најголемиот хидроавион е измислен за прекуокеански летови (далечината на летот изнесува 16.000 километри). Проблемот е во тоа што останал на хартија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче