Американски извидувачки авион RC-135V
Слободан ЃукиќИзвидувачки авион на Военото воздухопловство на САД RC-135V е забележан како лета по должината на поморската граница на Руската Федерација која се протега по акваторијата на Црното море. Неговата патека на летање ја објави и специјализираниот „Твитер“-профил Aircraft Spots кој се занимава со овие теми.
USAF RC-135V 64-14848 FIXX21 on task over the Black Sea with a miscoded transponder pic.twitter.com/zEfq8ldhE4
— Aircraft Spots (@AircraftSpots) 30 July 2018
Авионот кој првенствено е наменет за радиоелектронско извидување се движеше долж руските брегови на Црното море во Краснодарскиот крај, но и на полуостровот Крим, по што се врати во матичната база Суда која се наоѓа на Крит, пренесува РИА „Новости“.
Во последно време е засилена извидувачката активност на границите на Руската Федерација. Така, овој месец на небото над Црното море е забележан британски извидувачки воздухоплов кој интензивно леташе околу Крим. Појавата на американските и британските извидувачки авиони е посебно присутна над Црно море, но и над Донбас.
Во врска со сѐ почестите случаи во кои е регистрирана активност на американски и британски воздушни летала во близина на руските граници, се огласи и руското Министерство за одбрана кое го повика Пентагон да ја прекине обемната шпионско-извидувачка операција што ја изведува на ова подрачје. Од Пентагон засега нема реакција на овој повик.
Министерот за одбрана на Руската Федерација генерал на армија Сергеј Шојгу изјави пред извесно време дека на Крим е формирана силна мешана борбена група на руската војска. Според него, најновите високотехнолошки системи на вооружување кои се наоѓаат на рускиот полуостров не му оставаат на потенцијалниот противник „ниту промил шанса“ за евентуален успех. Министерот потенцираше дека Крим има стратешко значење кога е во прашање одбраната на Русија.
Просторот на Црното море се наоѓа во зоната на одговорност на 4 воздухопловна армија (вА) која е опремена со голем број длабокомодернизирани и нови ловечки апарати од генерацијата 4++ за остварување на целосна доминација во воздушниот простор Су-27СМ и Су-30М2, но и со цела дивизија (севастополскиот и феодосискиот ракетен полк) кои се вооружени со ракетни системи за ПВО и ПРО 40Р6 С-400 „Триумф.
Тука, се разбира, е и авијацијата на Црноморската флота која во својот состав исто така има исклучително квалитетни ловци Су-30СМ од генерацијата 4++.
Воздухопловна база Суда се наоѓа во дострелот на крстосувачките ракети „Калибар“ кои во евентуален судир би можеле да се лансираат и од акваторијата на Азовското море, па дури и од Каспиското езеро.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче