Колку беспилотни летала има во руската војска?

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Во вооружувањето на војската на Руската Федерација во овој момент се наоѓаат повеќе од 1900 беспилотни летала, изјави во разговорот за весникот „Краснаја звезда“ началникот на секторот за беспилотни летала на Генералштабот на ВС на РФ, генерал-мајор Александар Новиков.

Како што истакна тој, тие според своите карактеристики ги надминуваат странските конкуренти, а во моментов се завршува развојот на повеќенаменско беспилотно летало со далечен домет.

„Во војската се формирани единици за беспилотна авијација кои влегоа во состав на специјалните сили на видовите и родовите на руската армија. Тие се опремени со повеќе од 1900 беспилотни летала“, рече Новиков, пренесуваат медиумите. Според него, службите за беспилотна авијација се формирани во штабовите на воените окрузи и единици.  

Воведувањето на беспилотни летала во руската војска почна 2013 година, а од почетокот на антитерористичката операција во Сирија руските дронови извршија повеќе од 23 илјади летови, чија вкупна должина изнесува 140 илјади работни часови. Леталата, меѓу другото, обезбедуваат 24-часовно следење на ситуацијата на речиси целата територија на Сирија, нагласи генерал-мајор Александар Новиков. 

Прочитајте повеќе: Во Русија создаден нов беспилотен систем за воздушно извидување