Извонредни карактеристики за надгледување на државната граница
Беспилотното летало ZALA 421-16Е5 има маса од околу 30 кг и е способно да достигне висина и до 3600 метри. Го карактеризираат високиот степен на автономија на летот и мобилноста. Благодарение на големата автономија на лет, ова беспилотно летало може да остане во воздух и до 7 часа и притоа успешно да покрие површина од 21000 км2. Неговиот оперативен радиус на примена достигнува далечина и до 150 км.
Беспилотното летало ZALA 421-16Е5 на себе има посебно конструирани „џебови“ за интеграција на специјална опрема со капацитет до 5 кг. Во таа опрема може да влезат софистицирани оптоелектронски средства (различни типови на термовизиски уреди и камери со висока резолуција со можност за зголемување на сликата, аерофотоапарати), како и опрема за противелектронска борба (ПеБ).
Она што е особено интересно е неговиот погон. На ова летало, покрај електромотор, може да се вгради мотор со внатрешно согорување, што првпат беше демонстрирано на големиот саем за вооружување и воена опрема „Армија-2017“. На овој начин автономијата на овој беспилотник се продолжува за дури 3 пати (и до 20 часа непрекинат лет). Беспилотното летало се лансира од мобилен пневматског лансер со кој се управува електронски и тоа во речиси сите теренски услови (главната разлика меѓу ова и останатите беспилотни летала од слична категорија е што нему не му треба уредена површина за да полета).
„ZALA AERO GROUP“ е руска компанија која се занимава со развој на беспилотни летала. Нејзини основни производи се извидувачки беспилотни ваиони, хеликоптери и аеростати. Областа на нивната примена опфаќа надзор на државната граница, мисии за извидување и спасување, како и операции за специјални намени. Од 2015 година компанијата се наоѓа во состав на концернот „Калашников“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче