„Скат“
WikipediaДроновите ќе вршат различни задачи – корекција на артилериски оган, ракетирање и бомбардирање на копнени цели.
„Тоа се и извидувачки, и борбени цели. Се прават различни класи на летала за различни задачи“, ја цитира агенцијата ТАСС претставничката на компанијата „МиГ“.
Се подготвуваат три категории беспилотни летала: од 1 до 5 тони, од 5 до 10 тони и од 10 до 15 тони. За секоја класа се прават авионски мотори од руско производство.
Во 2007 година на саемот „МАКС“ беше презентирана макета (во природна големина) на јуришното беспилотно летало „Скат“ со реактивен мотор. Според конструкторите, дронот тежок околу 20 тони можел да носи околу шест тони бомби и ракети. Максималната брзина му е 850 км/ч, борбениот радиус на дејство е 1200 километри, а висината на летање 15000 метри. Сепак, „Скат“ не беше пуштен во сериско производство, а неговите конструкторски решенија се користат во подготовката на новото беспилотно летало со работен наслов „Охотник“ (Ловец).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче