Првото руско ударно беспилотно летало е од тешка класа и успешно ги мина летните испитување. Станува збор за беспилотниот апарат „Аљтиус-О“ кој има маса од 7.500 килограми, а кој е наменет за извршување задачи на големи далечини, соопштува „Интерфакс“, а пренесува РГ.
Конструирањето на тешкиот ударен беспилотен апарат „Аљтиус“ на себе го презеде казањската компанија ОКБ „Симонов“ во соработката со компанијата Кронштадт. Во 2011 година оваа компанија победи на тендерот што го распиша руското Министерество за одбрана и со ОКБ „Смирнов“ склучи договор тежок 15.5 милиони американски долари. Експерименталниот образец на ова летало во меѓувреме е направен во производните капацитети на овој воздухопловен завод и тој пред две години го изведе и својот прв пробен лет. Паралелно со развојот на самата летачка платформа, руската специјализирана компанија КРЕТ започна тестирање на напреден навигациски комплекс што ќе го користи ова летало.
„Аљтиус“ според својата конструкција претставува моноплан со крила со голем распон и заден опаш во облик на латинската буква В (таканаречена „пеперуга“) што е аналогно на беспилотното летало „Орион“. Во целост е направен од композитни материјали што во голема мера ја намалува неговата тежина (се проценува дека овој апарат ќе биде тежок помеѓу 5.000 и 7.5000 килограми). Погонскиот блок на леталото се состои од два воздушни дизел-мотори од германско потекло, со трикраки пропелери RED A03/V12 со јачина од 500 коњски сили. Овие мотори се сместени под крилата чиј распон достигнува речиси 30 метри. Благодарение на ваквата конструкција на леталото, но и на мошне економичните мотори, далечината на нејзиниот лет може да достигне цели 10.000 километри (автономија во воздухот и до дури 48 часа). Брзината на леталото се движи во распон од 150 до 250 километри на час, а плафонот на летот изнесува 12.00 метри.
Борбената варијанта на ова летало ќе биде опремена со оптичко-електронски систем за извидување и со радар со фазна антенска решетка која ќе го набљудува воздушниот простор бочно од леталото. Со оглед на тоа дека станува збор за ударна/офанзивна варијанта на беспилотно летало, „Аљтиус“ ќе може да носи и до 1.000 килограми борбени средства на своите носачи. Во комплетот на системот „Аљтиус“ секогаш влегуваат две летала, копнена управувачка станица, станица за прием и за предавање сигнал, станица за контрола на автоматско полетување и слетување.
Предвидена е и верзија на леталото за цивилни потреби, која нема да има софистицирана извидувачка опрема и чија носивост ќе биде и до 2.000 килограми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче