Според него, тестирањата на апаратот треба да бидат завршени во септември-октомври оваа година, а потоа проектот ќе ја добие ознаката „О“, што значи внесување на потребните измени во конструкциската документација врз основа на резултатите од тестирањето.
Се работи за беспилотно летало на чиј проект под шифрата „Иноходец” од 2011 година работи петербуршката група „Кронштат”. Леталото го доби називот „Орион”. Претходно беше соопштено дека максималната должина на летот на новото беспилотно летало ќе биде 24 часа, а масата на корисен товар 300 килограми. Очигледно е дека конструкторите успеале да го унапредат моделот.
Засега е официјално претставена само извозната варијанта на беспилотното летало – „Орион-Е“ (Орион-Э) со малку послаби карактеристики. Во овој случај се работи за 200 килограми корисен товар, а леталото развива брзина до 200 километри на час. Висината на летот е до 7,5 километри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче