Во Русија создаден нов беспилотен систем за воздушно извидување

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Global Look Press

Научнопроизводственото здружение „Авијациски системи“ (Авиационные системы) создаде нов беспилотен систем за воздушно извидување од тактичка класа ТАКР 7001 кој се состои од беспилотни летала проектирани како авиони и хеликоптери, пренесув „РИА Новости“ повикувајќи се на извор од оваа компанија.

Беспилотното летало од авионски тип К-0106 чија полетна маса изнесува до 6,5 килограми има мотор, ротирачки пропелер во клунот, а неговата автономија на летање во воздух  може да трае деведесет минути.

Беспилотното леталот од хеликоптерски тип  К-0107 е изградено на мултироторска шема (квадрокоптер), со четири пропелери, со полетна маса до 5,1 килограми може да лета до еден час.

Двете беспилотни летала користат систем за комуникација што го осмисли компанијата „Авијациски системи“, а кој овозможува контрола на дронот на далечина до 15 километри. Во својство на полезен товар производителот нуди уникатен систем за извидување кој овозможува идентификација на луѓе на далечина од 1,5 километри дење и 1 километар ноќе.

Според водечкиот експерт во сферата на беспилотните летала Денис Федутинов компанијата „Авијациски системи“ применила нестандардно решение, решавајќи во еден комплекс да спои беспилотни летала од различен тип.

„Таквата одлука има и предности и мани. Позитивно е тоа што присуството на носачи од различни типови во склоп на комплексот доведува до проширување на неговите можности, со помала цена во споредба со примената на два одделни комплекси, а поради изедначување на компонентите. Покрај тоа можни се и потешкотии вклучувајќи ги оние поврзани со високите барања во обуката на операторите“, рече Федутинов.  

Прочитајте повеќе: Објавени главните карактеристики на новото руско офанзивно беспилотно летало

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња