Видео: Уверете се во убавината и моќта на руската подморничка флота

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
По повод одбележувањето на Денот на подморничарот Министерството за одбрана на Русија објави ефектен видеоматеријал за функционирањето на најмалку забележливата, но најопасна компонента на руската Воена морнарица.

„На 19 март 1906 година врз основа на указот на царот Николај II во класификацијата на бродовите на воената морнарица е вклучена нова класа борбени пловила – подморниците. Тогаш во состав на руската морнарица влегуваат 10 подморници. На 15 јули 1996 година е издадена наредбата на командантот на Воената морнарица бр. 253, со која се воведува професионалниот празник „Денот на морнарот-подморничар“, соопшти рускиот воен ресор.  

Видеото почнува и завршува со лансирање на ракети од подморниците под вода. Тоа не е случајно: во состав на руската Воена морнарица практично веќе нема подморници кои носат само торпеда. Повеќенаменските подморници се опремени со крстосувачки ракети „Гранит”, „Оникс” и високопрецизните „Калибри“, нуклеарните подморници за стратешка намена се вооружени со балистичките ракети „Синева”, „Булава” и „Лајнер”.

На снимката можат да се видат најновите подморници од класите „Бореј” и „Јасен”. Дизел-подморницата „Варшавјанка”, која и покрај скромните димензии е исто така вооружена со „Калибри“, и подморниците на Црноморската флота покрај бреговите на Сирија демонстрираа способност за примена на ова оружје. Прикажано е нуркање на подморници и нивно излегување на површината, како и работата на екипаж. 

„Среќен празник! Нека бројот на нурнувања секогаш биде еднаков на бројот на изнуркувања! Господ да ве чува!” – ја коментираат снимката корисниците на интернет.

Прочитајте кои се најбруталните руски подморници