Краснодар. Подморница од класата „Варшавјанка“ од проектот 636.3 се враќа од мисија во Средоземното море.
Алексеј Павлишак/TASSПроект 636.3 „Варшавјанка“
„Тоа е една од „најтивките“ машини со кои е вооружена Русија. Дизел-електричниот погонски систем ги прави речиси незабележителни за непријателските хидроакустични системи, благодарение на кои ова „подводно чудовиште“ останува скриено додека не реагира против својот „плен“, изјави за Russia Beyond поранешниот командант на Црноморската флота Игор Касатонов.
Според него, војските во светот ја нарекуваат „Варшавјанка“ „Црна дупка“ токму поради оваа нејзина карактеристика. Таа може да нападне цели на растојание од 3 до 4 пати поголеми од радиусот покриен од непријателските радари.
Првпат во модерната историја овие подморници се користени во 2015 година во битките против терористите од „Исламската држава“ во Сирија. Тогаш „Варшавјанките“ ги лансираа новите руски крстосувачки ракети „Калибар“. Тие беа вооружени не само со торпеда, подводни мини, туку и со ракетни лансери кои истрелуваат ракети на растојание до 2500 километри.
Крстосувачките ракети „Калибар“ се движат многу блиску до земјата на патот до целта, што ги прави речиси неуловливи за противракетните системи со кои се вооружени армиите. Секоја од овие ракети е натоварена со боеви глави од 500 килограми, кои при експлозијата прават кратери со дијаметар од стотици метри.
Според Касатонов, до 2020 година одбранбените претпријатија во Русија ќе изградат шест такви подморници за Тихоокеанската флота, како и уште шест за Црноморската флота.
Проект 955 „Бореј“
Свечена церемонија при пречекот на „Александар Невски“ во Виључинск.
Илдус Гилјазутдинов/WikipediaПроектот 955 е нова страница во развојот на нуклеарните подморници на руската флота. Тие емитуваат пет пати помалку бучава од пловилата од претходната ера од проектот 971 и проектот 949А.
Ова е првата руска подморница кај која движењето се постигнува преку специјални пумпи. Фактички овие пумпи се нејзиното срце и крвотокот и ја обезбедуваат циркулацијата на течностите во реакторот, потисокот и потопувањето, полнењето со вода на торпедните лансери пред лансирањето, ладењето на системот и опремата на подморницата.
Сите подморници во оваа класа се опремени со комори за спасување на екипажот. Тие се наоѓаат во телото на подморницата зад ракетите лансерите на балистичките ракети.
Овие подморници ќе бидат дел од руската тријада за нуклеарно одвраќање. Подводните чудовишта ќе бидат вооружени со интерконтинентални балистички ракети „Булава“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче