Подводницата ќе се распореди во новата база на ВМФ на РФ во Краснодарскиот крај во градот Новоросијск.
Алексеј Даничев / РИА НовостиПретпријатијата од воено-индустрискиот комплекс (ВПК) ја завршија изградбата на шестата дизел-електрична подморница по проект 636.3 Колпино за потребите на Црноморската флота.
Подморниците се опремени со најновите ракети Калибар-ПЛ со дострел до 2.500 километри.
Подводницата ќе се распореди во новата база на ВМФ на РФ во Краснодарскиот крај во градот Новоросијск. Но, додека неговиот док биде изграден, тој во смени ќе биде на дежурство во акваторија на Црно Море и ќе се служи во пристаништето во Севастопољ.
Според зборовите на поранешниот заменик-командант на ВМФ, поранешен командант на Црноморската флота Игор Касатонов оваа подморница може да ја открие целта на далечина која е 3-4 пати поголема од можностите на радарските системи на потенцијалниот противник.
Поради нејзината тајност и подводните можности од страна на Северноатлантскиот сојуз беше наречена подморницата „Црната дупка“.
„Можностите на новите подморници беа демонстрирани за прв пат кон крајот на минатата година, кога [подморницата од проектот] Ростов на Дон нанесе удар со Калибарите по објекти на терористите во Сирија“, вели Касатонов за „Руска реч на македонски“.
Лансирање на ракети „Калибар“ од подморницата 636.6 „Ростов на Дон“.
Со добивањето на подморницата Колпино Црноморската флота ќе го заврши формирањето на комплетна бригада подморници, распоредени во Новоросијск.
Според Касатонов до 2020 година претпријатијата од ВПК ќе изградат дополнително шест аналогни подморници за Тихоокеанската флота.
Новата база на црноморското крајбрежје во Новоросијск се создаваше поради несогласувањата во руско-украинските односи по распадот на Советскиот Сојуз. Во периодот по 1991 година врз основа на морнарицата во Севастопољ во Крим, кој тогаш остана во состав на Украина, беше даден под наем на Москва, но секое ажурирање на бродскиот состав (дури и до последниот патрон) мораше да се одобри од парламентот во Киев .
На крајот, во 2014 година полуостровот стана дел од Русија. Тогаш започна и целосната модернизација на Црноморската флота на РФ.
„Севастопољскиот залив открива единствени можности пред Москва. Заедно со новата база во Новоросијск, Русија ќе може целосно да ги контролира Босфор, воената инфраструктура на Бугарија, а исто така да се компензира заканата од базата на ПРО на САД во Романија“, изјави за „Руска реч на македонски“ воениот експерт на ТАСС Виктор Литовкин.
Според директорот на Институтот за политичка и воена анализа Александар Храмчихин главната закана за Русија, која произлегува од американскиот систем во Источна Европа, се состои во можноста за инстант-преквалификација на базата за противракетна одбрана од одбранбена во офанзивна.
„Американскиот комплекс за ПРО може да биде поставен и во лансирни шахти. Особено лансирни летала за противоракетите Standard SM-3 може да се користат за нанесување на удари со стратешки ракети Tomahawk по територијата на Русија“, вели Храмчихин.
Силната страна на новата локација за црноморската флота е можноста бродовите и подморниците да бидат распоредени во неколку бази на ВМФ во еден регион, велат аналитичарите. Но, територијата на базата во Новоросијск силно зависи од климатските услови.
„Приморската зона на Новоросијск постојано е изложена на удари од северните ветрови на Кавкаските планини, кои со огромна сила се фрлат во бродовите и зградите кои се наоѓаат на нивниот пат. Ветрот може да ги исфрли бродовите на брегот и да ја уништи целата воена инфраструктура. Изградбата на база се врши на начин ударите на ветровите да не бидат толку катастрофални“, објаснува Виктор Литовкин за „Руска реч на македонски“. Според него на Кавкаските планини Русија гради дополнителен тунел, со кој ќе сведе на нула заканата од деструктивните ветрови.
Подморниците по проект 636.3 Варшавјанка:Брзина на вода - над 17 јазли (31,4 km/h)Брзина под вода - 20 јазли (37 km/h)Автономија на пловидба - 45 деноноќијаЕкипаж - 52 лицаНадводниот депласман на пловилото е 2.350 тони, подводниот – 3.950 тониДолжина – 73.8 метриШирина – 9.9 метриПорамнување – 6.2 метриРаботна длабочина на потопување на подморницата - 240 метри, максимална - 300 метриВооружување:4 ракети од класата Калибар-ПЛ6 торпедни апарати со калибар 533 ммВкупно вооружување - 18 торпеда и 24 мини
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче