СТРЕЛАЊЕ СО КАЛИБРИ
Руската морнарица повторно ги ракетираше позицијата на припадниците на ИДИЛ во Сирија. Овој пат на мета беа единиците на терористите во близина на Палмира кои од Рака се префрлени во ова подрачје.
Според податоците на агенцијата Гарс, во моментов сириските регуларни единици се наоѓаат на отприлика 20 километри источно од Палмира и се подготвуваат за ослободување на наоѓалиштето на гас Арак, што ќе им овозможи да тргнат во офанзива на градот Деир ел Зор, каде терористите веќе неколку години го држат во обрал воениот аеродром.
Извор: Ројтерс
Според соопштението на Министерството за одбрана на РФ, во оваа операција учествувале подморниците од проектот 636.3 „Краснодар“ и фрегатата „Адмирал Есен“. Тие имаат исфрлено четири крстосувачки ракети „Калибар“ на позициите на терористите од ИДИЛ.
Русија на време ги предупреди САД, Турција и Израел дека се подготвува ракетирање од акваторијата на Средоземното море.
Подморниците од проектот 636.3 можат да откријат цел на оддалеченост која е 3-4 пати поголема од дострелот на радарот на потенцијалниот противник. Ова во интервју за „Руска реч на македонски“ го изјави поранешниот командант на Црноморската флота Игор Касатонов.
„Наскоро Црноморската флота ќе добие уште една (шеста по ред) дизел-електрична подморница од проектот 636.3. Тоа се мошне тивки подморници. Тешко е да се откријат со хидроакустични средства, така што стасуваат незабележани во зоната на нападот“, вели експертот.
Извор: Ројтерс
Поради тоа подморничарите од Северноатлантската алијанса на оваа подморница ѝ го дадоа називот „Црна дупка“. Оваа подморница, за разлика од другите модели, е идеална за походи во плитките води на Балтичкото и на Црното море.
„Можностите на новите подморници за првпат се демонстрирани во 2015 година која (подморницата од овој проект) 'Ростов на Дон' ракетираше со 'Калибри' објекти на терористите во Сирија“, истакна Касатонов.
Извор: Ројтерс
Кога ќе стаса шестата подморница од проектот 636,3 „Колпино“, Црноморската флота ќе ја комплетира бригадата подморници на Тихоокеанската флота.
Секоја подморница од проектот 636.3 има најмодерни крстосувачки ракети „Калибар-ПЛ“ со дострел од 2.500 километри,
Тежината на боевиот дел од ракетата е околу 500 килограми, а ударниот бран уништува сè живо во радиус од неколку стотини метри. „Тоа е фугасен проектил кој лесно уништува заштитени бетонски утврдувања“, вели за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на „Известија“ Дмитриј Сафонов.
Како што нагласува тој, станува збор за мошне скапо оружје кое не е рентабилно да се применува во борбата против терористите на ИДИЛ.
„Примената на овие ракети е демонстрација на можностите на нашата морнарица и на нашето оружје на потенцијалните купувачи во Југоисточна Азија и во Латинска Америка, како и на нашите 'партнери' во НАТО кои поставуваат нови воени бази на територијата на Источна Европа“, истакна експертот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче