Кнезот „Јуриј Долгоруки“ и неговата дружина

Офицерите на флотата гледаат на перспективите на ВМФ со внимателен оптимизам. Извор: Росијскаја газета /Јелена Нагорних.

Офицерите на флотата гледаат на перспективите на ВМФ со внимателен оптимизам. Извор: Росијскаја газета /Јелена Нагорних.

По повод денешното предавањето на првиот ракетен подводен крстосувач за стратешка намена од проектот 955 класа „Бореј“, редакцијата на „Руска реч на македонски“ имаше можност да добие повеќе информации за идните планови за руската Воено-морска флота и тоа во директен разговор со нејзиниот главен командант адмиралот Виктор Чирков.

Во очи на новата 2013 година во градот Северодвинск во Архангељската област, на „Северното машиноградбено претпријатие“ се случија два големи настани. Во борбениот состав на Воено-морската флота (ВМФ) беше предаден првиот ракетен подводен крстосувач за стратешка намена (РПКСН) од проектот 955 класа „Бореј“ (на 10 јануари 2013 е примен во вооружувањето на ВМФ) со 16 стратешки ракети „Булава-30“ (SS-NM-30 според западната класификација) на бродот, кои носат 6-10 нуклеарни боеви глави – разделувачка глава со блокови со индивидуално насочување (РГБ ИН). Тој го доби името на основачот на Москва кнезот „Јуриј Долгоруки“. Истиот ден беше изнесен од производство и пуштен во вода третиот блок на РПКСН од истиот тип „Владимир Мономах“, а наскоро ќе биде пуштен и четвртиот, малку продолжен, блок на РПКСН „Свети Никола“.

Кон крајот на 2020 година бројот на подводните крстосувачи во таканаречената дружина на кнезот „Јуриј Долгоруки“ треба да стаса до осум, со 148 ракети „Булава“.

Продолжениот труп е еден, но мошне важен детаљ – „Свети Никола“, а потоа и другите крстосувачи, ќе носат 20, наместо 16 ракети „Булава30“ со РГБ ИН. Овој проект не ја носи шифрата 955, туку 955А. Сето останато ќе биде слично. Ако се земе предвид дека во фабриката „Северното машиноградбено претпријатие“ чека на преземање во составот на ВМФ вториот РПКСН 955 од проектот каса „Бореј“, „Александар Невски“, а веќе завршениот „Владимир Мономах“ ќе биде ставен на тестирање за укотвување и пловидба, тогаш треба да се знае дека во следниве три-четири години морските стратешки нуклеарни сили на Русија ќе бидат пополнети со четири крстосувачи со 68 ракети. Кон крајот на 2020 година бројот на вакви подводни крстосувачи во таканаречената дружина на кнезот „Јуриј Долгоруки“ треба да стаса до осум, со 148 ракети „Булава“. Тие ќе го пополнат борбениот состав на ВМФ со подводни крстосувачи со стратешки ракети од проектот 667БДР „Каљмар“ (Delta III) и 667 БДРМ „Делфин“ (Delta IV).

Главно оружје ќе бидат пилотни и беспилотни (роботизирани) борбени средства, кои ќе дејствуваат во воздух, на површината на морето, под вода и, веројатно, во космосот.

Според главниот командант на ВМФ на Русија адмиралот Виктор Чирков, овие бродови, како и атомските подводни крстосувачи од проектот 885М класа „Јасен“ (првата таква атомска подморница „Северодвинск“ треба да излезе на воена стража во 2013 година), модернизираните атомски подводни крстосувачи од проектот 949М класа „Гранит“ (како што беше потонатиот „Курск“) и тешките атомски ракетни крстосувачи од проектот 11442 „Орлан“ (команден брод на Северната флота е крстосувачот „Петар Велики“) ќе ја сочинуваат основата на руските стратешки сили. Во еден недамнешен разговор со новинарите главниот командант подвлече дека јадрото на ваквите сили треба да бидат носачи на авиони. „Заедно со десантно-хеликоптерскиот брод-док од странско производство (се има предвид францускиот „Мистрал“ – В.Л.), основата на ваквите сили во перспектива треба да стане носач на авиони од ново поколение“, - рече адмиралот. Тој појасни дека за разлика од тешките крстосувачи-носачи на авиони од претходните поколенија (како што се „Адмирал на флотата на Николај Кузнецов“ – В.Л.), тоа треба да биде принципиелно нов универзален борбен брод за длабоки води. Негово главно оружје ќе бидат пилотни и беспилотни (роботизирани) борбени средства, кои ќе дејствуваат во воздух, на површината на морето, под вода и, веројатно, во космосот. Определувачкиот карактер за ефективност во примената на овие бродови ќе биде поседувањето на групи авиони со радиолокациско набљудување и насочување, а исто така и извидувачко-ударни беспилотни летала.

Главниот командант на ВМФ подвлече дека создавањето на овие бродови предвидува не само проектирање и изградба на носачи на авиони. „Се предвидува создавање цел морски комплекс на носачи на авиони, во чиј состав, освен бродовите, ќе влезат бази со потребната инфраструктура (вклучувајќи го и социјалниот фактор), летала, центар за подготовка на екипажи за бродови и на авиогрупи на бродската авијација, како и други елементи. Основата за создавање на морскиот комплекс на носачи на авиони треба да биде подготвена до 2020 година“, - рече Чирков.

Но, освен големите бродови, основа на водните сили на ВМФ во далечните и блиските морски зони, според главниот командант, треба да бидат фрегатите и корветите од проектите 22350, 20380 и нивните модификации, од кои дел веќе се градат во Санкт Петербург и во Калининград. „Нив ќе ги заменат бродовите со модулна конструкција, снабдени со широка номенклатура робототехнички средства„, - изјави адмиралот. Според него, основен брод на океанската зона со среднорочна перспектива треба да биде ескадрилскиот носач на мини од новиот проект, кој има големи ударни и одбранбени потенцијали, меѓу другото и значителен потенцијал ПРО. Главниот командант исто така соопшти дека прв брод кој ќе ги реализира овие походи ќе биде напредната корвета за обезбедување на водната површина. „Разработката на овој брод е во тек. На овој брод е планирано да се постави максимално полн комплекс задачи што се извршуваат на крајбрежните делови со помош на бродови и други сили и средства: противподморнички, противомиснки, противобродски, противовоздушни, за заштита од мини, за огнена поддршка на десантните и пешадиските групи на приморјето“, - изјави главниот командант.

Чирков појасни дека корветите се сметаат како „експериментални“ од гледна точка на премин на модулната конструкција на бродови од поголем размер. Во иднина пристапите кон модулноста и кон комплексната роботизација на воените системи на флотата со корвета ОВР се планира да се применат и на други бродови, формирајќи соодветен облик на идната флота.

 

По 2020 година може да се прогнозира премин на поголемо производство на автономни беспилотни подводни апарати и морски роботизирани системи, разработка на специјална бродска опрема, претежно со подводни носачи со различна номенклатура и за различна намена.

Адмирал Виктор Чирков

Адмиралот нацрта мошне интересна слика на развојот на воено-морската флота. Тој рече дека „по 2020 година може да се прогнозира премин на поголемо производство на автономни беспилотни подводни апарати и морски роботизирани системи, разработка на специјална бродска опрема, претежно со подводни носачи со различна номенклатура и за различна намена“. На втората етапа од развојот (од 2021 до 2030 година), според него, „се предвидува да се заврши конструкцијата и да се преземе оружје на нови физички принципи, да се создадат напредни мостри за вооружените морски сили за општа намена од ново поколение“. За тоа време во вооружувањето на морската авијација треба да почнат да се применуваат бродски авиони со радиолокациско набљудување, беспилотни летачки апарати со бродска база, напреден авијациски комплекс на бродската авијација.

Според зборовите на главниот командант на ВМФ, „во овој период ќе заврши преминот кон опционално-пилотирачката авијација, меѓу кои и оние врз основа на современите пилотирачки авијациски комплекси и да се изврши замена на стариот авионски парк со напредни многуфункционални авијациски техники и средства, меѓу кои се вбројуваат и беспилотните летала“.

Секако, да се гледа толку далеку, дури во 2020 година, е мошне сложено. Ќе се справи ли со таквите задачи домашната бродоградска индустрија? Важно е дека во Русија се сфати потребноста од постоење на можна и ефикасна Воено-морска флота. Тоа, пак, значи дека постои надеж за тоа дека кажувањата на адмиралот Виктор Чирков за иднината на домашната ВМФ нема да остане само фантазија.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња