Со помош на електромагнетно поле ова оружје може да истрела проектил кој се приближува со космички брзини, при што кинетичката енергија на гранатата е просто монструозна.
Владимир Полишцук, специјалист на институтот ОИВТ и раководител на експерименталната лабораторија во рамките на овој институт, најновиот продор во технологијата за изработка електромагнетни шински топови дозволува проектил со маса од 100 грама* да се истрела со почетна брзина поголема од 3000 м/сек.
„За две години колку што работиме на овој проект, ние ја зголемивме силата на експерименталниот топови за околу шест пати. Почнавме со енергија на ред со величина од 0,8 мегаџули, а сега добиваме резултати кои се приближуваат до енергија од 5,0 мегаџули. Експериментите со електромагнетно орудие се базираат на технологијата за импулсно индуктивно генерирање на енергија. Таквиот принцип на напојување обезбедува високо темпо на конверзија на енергијата во плазма, што во конечен збор ја зголемува температурата што ја зголемува која пропорционално ја зголемува брзината на истрелување на проектилот од самото орудие“, нагласува Полишцук.
Во овој институт се наоѓа плазма шински топ, кој според научниците претставува еден од најперспективните експериментални примероци, кога станува збор за ваков тип на оружје. Основниот концепт на оружјето се состои од две електроди низ кои е пропуштена електрична енергија, а во средината се наоѓа проектил кој се истрелува со помош на дејството на Лоренцовата сила. Во суштина, шинскиот топ претставува електромагнетен акцелератор. Претпоставките се дека шинските електромагнетни топови ќе бидат основа на артилеријата на иднината. Првите платформи вооружени со овие системи најверојатно ќе бидат бродови, а неговите карактеристики ќе овозможуваат дејство врз непријателски цели кои се наоѓаат на далечина/висина и до 400 км.
Во јули 2016 година официјално беше објавено дека Русија започна со тестирање на својата верзија на електромагнетен шински топ. Наведената функција на овој систем беше поедноставување на лансирањето на вселенски товар во орбитата, што значително би ја поедноставило многу комплицираната ракетно-вселенска програма.
*Оваа маса на проектилот е еквивалентна на муниција калибар 20мм која се користеше за противавионски орудија и која се истрелуваше со почетна брзина од околу 800 м/сек со енергија на зрното од око 0,1 мегаџули.
Прочитајте Руската армија се вооружува со електромагнетни топови
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче