Електромагнетно оружје против беспилотни летала првпат на изложбата „Армија 2017“ во Подмосковје
RTПрвите примероци на новиот тип вооружување беа презентирани на јавноста пред половина година на изложбата „Армија“ во Подмосковје. Потоа еден број нови топови е пратен во Сирија на „огнено крштевање“.
Според Дмитриј Клочко, раководител на концернот што ги произведува електромагнетните топови „Ступор“, тоа беше прва примена на овие топови во вистински борбени дејствија. Ова оружје ги попречува Wi-Fi и GPS сигналите кои ги емитираат терористите на „Исламската држава“ при извидување на теренот со помош на беспилотни летала. „Ступор“ има дострел од 500 метри и во тој радиус потполно им оневозможува на терористите преглед на теренот.
Како што соопшти изданието Tut.by, малите дронови на „Исламската држава“ им нанесуваат сериозна штета на трупите кои војуваат против терористите. Со нивна помош, на пример, е уништен складот со муниција на сириската армија на стадионот во Деир ез-Зор, убиен е командир на ирачки тенк „Абрамс“, уништен е блиндирано возило „Хамви“ на Силите за безбедност на Ирак и други цели.
Електромагнетни топови место АК-47
Концернот „Калашников“ исто така реши да не заостанува зад конкуренцијата на пазарот и го понуди својот проект REX-1.
Како што на дописникот на порталот Russia Beyond му изјави Никита Хамитов, раководител на одделението за специјални проекти „Zala Aero Group“ (компанија-ќерка на концернот „Калашников“ која проектира вакво оружје), во прашање е радиомагнетен топ кој ги блокира каналите за управување и пренос на податоци на беспилотните летала кои најчесто се користат во светот. Тој исто така има и неколку електромагнетни и инфрацрвени модули кои ги блокираат каналите GSM, GPS, Глонасс, Галилео [последниве три се различни системи за сателитска навигација – заб. на уред.] и останатите.
Според него, замената на модулот трае само неколку секунди, како кога се менува магацинот на автоматот. Модулот се бира во зависност од конкретната цел и задачата.
Благодарение на тоа се штедат батериите, макар што тие обезбедуваат четиричасовен непрекинат оган. Потоа акумулаторот на топот може да се наполни за четири часа со помош на полнач кој се вклучува во обичен штекер од 220 волти, а постои и влез за дополнителен акумулатор.
Дроновите различно реагираат на стрелбата од овој топ, во зависност од моделот. Беспилотните летала имаат два принципи врз кои функционираат во случај да ја изгубат врската со операторот – или се враќаат на стартот, или автоматски атерираат.
„Во вториов случај дронот исчезнува од непријателските монитори, а вие фактички добивате нова играчка“, додаде Хамитов.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче