Руските експерти започнаа со работата за создавање на електромагнетен катапулт за полетување од палубата на носачите на авиони, јавува ИТАР-ТАСС, повикувајќи се на изјавата на Сергеј Власов, генерален директор на Невското конструкторско биро.
„Денес во Русија постои организација која создава електромагнетен катапулт“, изјави Власов.
Засега не е познато колку ќе трае работата врз тој проект во нашата земја, истакна Власов. „Проблемот е во тоа што Американците работа на тоа 10 години, а тие својот прв електромагнетен катапулт ќе го монтираат дури во 2016 година на новиот носач на авиони Џералд Форд“, додаде Власов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.