Убива дронови како муви: Електронски топ „Калашников“

Електромагнетно оружје против беспилотни летала првпат на форумот „Армија 2017“ во Подмосковје.

Електромагнетно оружје против беспилотни летала првпат на форумот „Армија 2017“ во Подмосковје.

Извор: RT
Електромагнетниот топ REX-1 ги гуши сигналите GSM и GPS кои се користат за врска со дронови, а може привремено дури и да блокира бомба која ја поставиле терористи.

„Тоа е радиомагнетен 'топ' кој ги блокира каналите за управување и за пренос на податоците на дорновите кои најчесто се користат во светот. На него се монтира цела низа вештачки електромагнетни и инфрацрвени блокови кои ги блокираат каналите GSM, GPS, Глонас, Галилео [последните три називи се различни системи за сателитска навигација – заб. ред] и др.“, вели за „Руска реч на македонски“ Никита Хамитов, раководител на Одделот за специјални проекти на „Zala Aero Group“ – компанија која го конструираше новото оружје, а припаѓа на концернот „Калашников“.

Според него, во зависност од конкретната цел и од задачата, за неколку секунди може да се замени „полнењето“, како што се менува магацин на автомат.

На овој начин се штеди батеријата, иако таа и без штедење може да обезбеди 4 часа непрекинато пукање. Кога ќе се истроши батеријата, топот може за 4 часа да се наполни преку обичен штекер од 220 волти, а може да се додаде и дополнителен акумулатор (во посебниот влез) и да продолжи со борба.

Дроновите различно реагираат на пукањето, во зависност од моделот. Тие имаат два принципа на кои работи нивната врска во случај на губење контакт со операторот – едни се враќаат на стартната позиција,а  другите автоматски слетуваат онаму кадешто ќе се најдат во тој момент.

„Во последниот случај коптерот исчезнува од непријателските монитори. Фактички може да се каже дека имаме нова играчка“, додава Хамитов.

Топ за борба против терористите

„Овој уред може да блокира беспилотни летала, но и експлозивни направи кои се активираат на далечина со телефонски повик или со испраќање смс. Овој топ ги блокира сите сигнал однадвор и им дава на деминерите доволно време за да стасаат на лице место и на места кои се непристапни“, вели Хамитов.

REX-1 може да нанесе и одредена штета, во зависност од условите во кои се водат борбени дејства. Тој ги блокира сите сигнали Wi-Fi, 3G, LTE на километар оддалеченост од електромагнетниот зрак кој е невидлив за човечкото око.

Според тоа, ако симнувате филм на лаптоп во близина на местото каде терористите имаат поставено бомба – жалиме, ќе мора да почекате.

Прво цивилно електромагнетно оружје

Според Хамитов, варијанта на овој топ може да биде направена и за цивилниот пазар, но без определени блокови. На пример, цивилната варијанта нема да има уред за блокирање GPS сигнал.

Цената на оружјето ќе биде одредена дополнително, кога Росгвардија ќе го определи количеството што е подготвена да го откупи.

„Со оглед на пазарот, нашиот систем во цивилната варијанта може да се продава за некои 5.000 американски долари“, вели Хамитов.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња