Видео: Моќта и убавината на стратешката авијација на Воздушно-космичките сили на Русија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија постави на интернет видеоснимка посветена на 103 годишнина од основањето на стратешката авијација.

На снимката се прикажани современите стратешки бомбардери, нивно полетување и слетување, ефектно полнење на гориво во воздух и исфрлање на бомби, пренесува rg.ru.

Министерството за одбрана на РФ потсетува дека првата формација на руската стратешка авијација – ескадрата авиони „Илја Муромец“ – е формирана на 23 декември 1914 година. Таа ескадра во Првата светска војна изврши околу 400 борбени летови.

Во Втората светска војна екипажите на стратешките бомбардери реализираа околу 220000 борбени летови во кои врз непријателот се фрлени повеќе од 2 милиона авионски бомби.

„Денес во арсеналот на руската стратешка авијација се модернизираните стратешки бомбардери Ту-22М3, стратешките ракетоносци Ту-160 и Ту-95МС, авионите за дополна на гориво Ил-78 и други типови авиони“, истакнува министерството.

Прочитајте какви ќе бидат можностите на новите стратешки бомбардери