Видео: Бомбардери Ту-22М3 уништуваат позиции на џихадистите во Сирија

Ту-22М3

Ту-22М3

RIA Novosti
Министерството за одбрана на Русија објави видео-снимка во која бомбардери на стратешката авијација Т-22М3 уништуваат позиции на меѓународните терористи во Сирија. Цел на стратешките бомбардери беа упоришта на џихaдистите, како и складови со муниција и оружје.

Бомбардерите Ту-22М3, кои можат да развијат брзина до 1,88 маха,  се во состојба да понесат до 24 тони товар, вклучувајќи 20 авионски бомби ФАБ-250.

Како што соопшти рускиот воен ресор, шест надзвучни авиони Ту-22М3 кои полетаа од територијата на Русија на патот до Сирија непречено го прелетаа воздушниот простор на Иран и на Ирак.

На небото над Сирија руските бомбардери ги пречекаа ловци за поддршка Су-30МС кои полетаа од воздухопловната база Хмејмим. Авионите потоа ги бомбардираа објектите на терористите на подрачјето на градот Абу Кемал во покраината Деир ез-Зор. Според податоците на објективната контрола сите цели се успешно погодени, а авионите се вратија во Русија.

ВКС на Русија уништија минатиот месец повеќе од 30 терористички главешини.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња