Шесте бомбардери Ту-22М3 кои полетаа од своите аеродроми во Русија ракетираа командни постови и терористички упоришта, складови за оружје и скривалишта на воена техника во сириската покраина Деир ез-Зор. Фрлени се 18 тони бомби чија поединечна тежина изнесуваше 500 килограми, а радарите регистрираа дека сите цели се погодени.
Телевизијата „Ѕвезда“ објави две видео-снимки. На првата се гледаат подготовките на носачите на ракети за извршување на задачите, уфрлувањето на бомбите во отсекот за вооружување, загревањето и полетувањето, додека втората е направена од кабина на ловец Су-30СМ. На неа е забележано исфрлувањето на проектилите. Ловци од воздухопловната база Хмејмим ја обезбедуваа работата на Ту-22М3.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче