Нуклеарен „Блекџек”: Унапредениот Ту-160 првпат претставен на јавноста

YouTube
Првиот нов стратешки бомбардер Туполев Ту-160M2, изработен во рамките на обновеното производство на овој тип на авиони, го напушти Казањскиот завод за производство на авиони „Горбунов“.

Новиот бомбардер е направен врз основа на технологијата од советската ера. Изработката на авионот, меѓу другото, ја потврдува и подготвеноста на компанијата да продолжи со производството што беше прекинато во 1992 година. Проверени се технологиите за финално склопувњае, како и низа нови технолошки решенија, а се поставени и нови авионски мотори со подобрени перформанси, според прес-службата на компанијата. Првиот лет на новиот бомбардер е планиран за февруари 2018 година.

Сериското производство на Ту-160 започна во Казањ во 1984 година. Во 2015 година на предлог на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу Казањскиот завод за производство на авиони „Горбунов“ ја почна подготовката за продолжение на производството на овој авион во унапредената варијанта Ту-160М2.

Пробниот примерок што е склопен ја покажува подготвеноста на заводот да продолжи со еден од најсложените процеси на производство на авиони во Русија. Новиот носач на ракети може да ги врши сите задачи како и серискиот Ту-160, кој дополнително ќе биде надграден на ниво на Ту-160М2. Тестирањето на надградениот модел на авионот ќе започне по 2020 година.

„Тоа ќе биде нов авион во стариот труп, неговата борбена ефикасност ќе се удвои. Ту-160М2 ќе добие современа електроника и можност за примена на високопрецизно оружје, ќе има и поголем дострел“, изјави рускиот заменик-министер за одбрана Јуриј Борисов.

Конструкторското биро „Туполев“ подготвува „преодна варијанта“ на Ту-160М со нов систем за електроника во кабината. Овој авион би требало да полета 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња