Tу-160
Press PhotoКон крајот на годинава Министерството за одбрана на РФ ќе ја добие првата партија на модернизираните мотори НК-32 за стратешките бомбардери-ракетоносци Ту-160М2.
Според производителот, новиот мотор ќе му овозможи на авионот да се крене во стратосферата, на височина од 18.000 метри.
„Новата верзија НК-32 може да работи и како авионски и како ракетен млазен мотор. На тој начин Ту-160М2 ќе може да се крене на височина на која не можат да го загрозат системите на непријателската противвоздушна одбрана“, вели за „Руска реч на македонски“ извор од военоиндустрискиот сектор.
Првиот лет на модернизираниот авион ќе биде изведен веќе во 2018 година.
Како што за „Руска реч на македонски“ изјавува Валериј Солозобов, заменик на генералниот директор на ОАД „Туполев“ за научноистражувачка и експериментално-конструкторски проекти, Ту-160М2 ќе добие принципиелно ново конструкторско решение, иако модернизираниот модел ќе го задржи претходниот облик.
Според командантот на воздушно-космисчките сили на РФ Виктор Бондарев, Министерството за одбрана планира да купи околу 50 авиони Ту-160М2.
Сериското производство ќе започне во 2021 година.
Сега во Русија се работи на создавање на стратешки бомбардер од новата генерација - Перспективен комплекс на стратешката авијација (или скратено на руски ПАК ДА – заб. ред.). Но, конструирањето на модерното летало напредува бавно. Првиот пробен примерок ќе се појави дури од 2020 до 2025 година.
„Командата на воздушно-космичките сили на РФ сега подготвува 'среднорочна' замена за моделот ПАК ДА. На многу авиони од стратешката авијација наскоро им истекува работниот век, така што наместо нив ќе мора плански да се воведуваат нови модели“, вели за „Руска реч на македонски“ воениот аналитичар на весникот „Известија“ Дмитриј Литовкин.
Како што изјавува за „Руска реч на македонски“ извор во военоиндустрискиот сектор, овој проект ќе биде можеби една од најскапите програми на Министерството за одбрана на РФ во третата деценија на овој век, зашто според вредноста може да се спореди со изградба на нови нуклеарни поморници од проектот „Бореј“ со ракети од класата „Булава“. Со други зборови, ќе чини пет до седум милијарди американски долари.
Според мислењето на воените експерти, Ту-160М2 ќе се применува како оружје за одвраќање, но и за решавање на тековните задачи на Министерството за одбрана.
„Терминот 'ракетоносец' укажува на можноста бомбардерот да користи нуклеарни и конвенционални крстосувачки ракети, меѓу кои се и крстосувачките ракети со далечен дострел од новата генерација Х-101 и Х-555“, вели за „Руска реч на македонски“ поранешниот командант на руското воено воздухопловство и херој на Русија Петар Дајнекин.
Како што истакнува тој, авионот воедно ќе може да носи крстосувачки ракети Х-55СМ со однапред зададени координати на цели на теренот.
„Ту-160 може да ги носи сите видови атомски и обични бомби: противоклопни бомби, бомби за пробивање бункери, касетни бомби, морски мини итн. Вкупната тежина на проектилот и на бомбите изнесува 40 тони“, нагласува поранешниот командант.
Како што истакнува тој, новиот авион ќе може да ракетира објекти на потенцијалниот непријател, наоѓајќи се надвор од дострелот на постоечките средства за противвоздушна и противракетна одбрана.
Карактеристики на Ту-160Посада: 4 лицаДолжина на авионот: 54.1 мВисина на авионот: 13.1 мРаспон на крилата: 35.6/55.7 мТежина на празен авиона: 110.000 кгМаксимална тежина при полетување: 275.000 кгТежина со гориво: 148.000 кгМаксимална брзина:– 2.200 км/ч на висина од 10 км– 1.030 км/ч на висина од 3 кмРадиус на движење без дополнување гориво: 18.950 кмБорбен радиус: 6.000 кмПлафон на летот: 18.000 м
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче