Ту-95МС
Вадим Савицки/Global Look PressДва стратешки бомбардери Ту-95МС (НАТО ги нарекува Bear – „Мечка“), кои можат да носат нуклеарно оружје, патролираа над неутралните води во јужниот дел на Тихиот океан, пренесува rg.ru. Нивниот лет го снимија новинари на ТВ каналот „Ѕвезда“.
Како што соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на РФ, авионите полетаа од аеродромот Биак во Индонезија, каде пристигнаа од воздухопловната база Украинка во Амурската област. Летот е изведен во рамките на меѓународната посета на руската делегација. Во текот на летот над Тивкиот океан двата авиони Ту-95МС дополнија гориво од воздушен танкер Ил-78.
Од Министерството за одбрана на РФ нагласуваат дека летот е изведен строго во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор и без повреда на границите на други држави.
Слични посети на стратешките бомбардери на странство се крајно ретки, затоа што авионите речиси никогаш не слетуваат на туѓи аеродроми. Исклучок е слетувањето на руски ракетоносни авиони Ту-160 во Венецуела 2008 година и повторената посета на „белите лебеди“ на оваа земја и на Никарагва во 2013 година.
Авионот Ту-95МС носи крстосувачки ракети со голем дострел. Долг е околу 50 метри и исто толкав е и неговиот распон на крилата. Максималната полетна маса на овој бомбардер е 185 тони. Ту-95МС е еден од најбрзите елисни авиони – развива брзина од 830 километри на час. Според оцените на стручњаците, има многу голем потенцијал кога се работи за вооружување со поефикасни ракети и понова опрема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче