Видео: Ловец Су-35 молневито го претекнува „колегата“ Су-30 СМ

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видео снимка на која е забележан опасен маневар, односно како ловец Су-35 претекнува исто така руски ловец Су-30 СМ.

Видеото е снимено од кабината на Су-30 СМ. Двата ловци се враќаа во Русија од воздухопловната база Хмејмим во Сирија.

На снимката е забележано како е Су-35 прелетува на неколку метри од Су-30СМ со екстремно голема брзина.

На 11 декември претседателот на Русија Владимир Путин ја посети базата Хмејмим во Сирија каде му наложи на министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу да го повлече рускиот воени контингент во базите во Руската Федерација.