Тој објасни дека една од најважните борбени карактеристики на авионот е можноста да ја намали брзината и да заземе речиси секаква положба во просторот и независно од дијапазонот и аголот на напад да се сврти спрема целта.
Според Сеергеј Богдан, функцијата на променливиот вектор на потисок што ја има моторот на овој ловец подразбира специјален суперманеварски режим кој овозможува укинување на ограничувањата поврзани со аголот на напад, така што тој може да изнесува 180 степени.
Уште една предност на овој авион е краткиот залет. Авионот полетува 3-4 секунди по стартот со брзина од 170 километри на час.
„Вртењето и заземањето спротивен курс може да се изведе со минимална брзина од 200 километри на час, што за стручњаците кажува многу за овој авион. Аголот на напад е голем, висината е мала, а авионот е стабилен. После тоа авионот енергично забрзува, така што достигнува брзина од околу 750 километри на час и забрзување од 9 г. Тогаш авионот изедува јазол со вртење во просторот и излегува од неа“, ги наведува ТАСС зборовите на Сергеј Богдан.
Руската армија есенва го доби најновиот руски авион-ловец Су-35 од генерацијата 4++. Тоа е летало со извонредни маневарски можности кое има мотор со променлив вектор на потисок.
Радарот „Ирбис“ со фазна антенска решетка вграден во овој руски ловец ги гледа непријателските авиони на оддалеченост од 400 км, може да следи 30 цели истовремено и да отвора оган врз 8 најопасни цели кои ги одредува на оддалеченост од 80 километри.
Су-35 може да носи 8 тони ракети за различна намена. Оружјето може да го применува и во услови на интензивни радио-електронско пречки без да влегува во зоната на дејство на непријателската противвоздушна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче