Видео: Руски Су-30СМ изведе фантастичен маневар во Сирија

Скриншот

Скриншот

На интернет се појави видео-снимка од руски авион-ловец Су-30 кој во воздух за малку што не влезе во товарниот простор на транспортен авион Ил-76.

Военотранспортниот авион Ил-76 достави хуманитарна помош во сириската провинција Деир ез-Зор, а кога го исфрли товарот со падобрани и сѐ уште не го затвори товарниот отсек, одненадеж зад него се појави Су-30СМ и се приближи до отворот за истовар на товарот толку блиску што тоа изгледаше небаре секој миг ќе влезе внатре, пишува порталот rg.ru.

Пилотот на ловецот мошне долго одржуваше минимална дистанца иако леташе во воздушната струја што ја прават силните мотори на транспортниот авион. Потоа се сврте на страна и исчезна од кадарот.

Снимката предизвика воодушевување на руските социјални мрежи. Во коментарите под снимката корисниците на интернетот пишуваат дека не се знае кој е подобар – пилотот или авионот, како и дека Русија ги прави најдобрите авиони на светот и ги обучува најдобрите пилоти.

Поединци истакнуваат дека ловецот можеби на тој начин го штител Ил-76 од ракетни напади од земја додека не се подигне на безбедна висина, затоа што Су-30СМ има противракетен радар кој ја покрива и зоната зад авионот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња