Видео: Акробатски лет на авион-ловец Су-30СМ

Global Look Press
Министерството за одбрана на Русија објави снимка на која се демонстрираат фасцинантните можности на повеќенаменскиот авион-ловец Су-30СМ од генерацијата 4+.

На „Јутјуб“ е поставена видео-снимка со сцени на поединечно и групно акробатско летање. Снимката почнува со полетување на авиони Су-30СМ. Понатаму се прикажани дејствијата на пилотот и погледот од кабината. Се гледа летот на ловците во борбена формација „ромб“ и примена на оружјето што го носи Су-30СМ. Покрај тоа, покажани се и акробатските фигури „кобра“, „ѕвоно“, „рамно понирање“ и „Јамката на Нестеров“.

На овој начин своето мајсторство го покажуваат групи акробатски пилоти, меѓу кои се и „Соколите на Русија“. Видеото завршува со  атерирање на ловец Су-30СМ.

Министерството за одбрана на Русија истакнува дека овој ловец има големи маневарски можности и извонредни летачки карактеристики  и може да напаѓа цели во воздух, на вода и на копно, во секое доба на денот и ноќта и во сите временски прилики.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња